Започнете го денот со насмевка - Утринските навики на сите успешни луѓе

Дали сте знаеле дека успешните луѓе никогаш не ги проверуваат својот телефон и социјалните мрежи најмалку еден час по нивното будење?

utrinski-naviki-na-site-uspesni-luge-01.jpg

Сите ние имаме некаква рутина кога се будиме наутро, без разлика дали тоа е пиење кафе или, пак, слушање музика додека се подготвуваме за денот што ни претстои.

Успешните луѓе наутро имаат 6 клучни правила од кои никогаш не отстапуваат. Од будење што е можно порано, па до планирање на обврските, прочитајте кои утрински навики успешните луѓе секогаш ги практикуваат.

Кои се утринските навики од кои успешните луѓе никогаш не отстапуваат?

Секогаш се будат мирно, спокојно и со оптимистички поглед кон денот

Колку и да звучи клише, мирното и спокојно утро се секогаш „огледалото“ кон добар и продуктивен ден. Успешните луѓе ги сакаат утрата и сакаат да се будат рано, со насмевка на лицето и оптимизам.

Медитираат неколку минути пред да станат од креветот

Докажано е дека оваа навика помага при ослободувањето од стресот и прочистувањето на мозокот и душата.

Медитацијата се препорачува да се практикува наутро, затоа што за момент ги одмара и телото и мозокот пред почетокот на „бурниот“ и „брз“ ден.

utrinski-naviki-na-site-uspesni-luge-02.jpg

Секогаш си го местат креветот

Ова е работа што најчесто ја занемаруваме наутро, затоа што секогаш сме во брзање, па местењето на креветот не ни изгледа како најважното нешто што треба да го направиме во тој момент.

Успешните луѓе никогаш не ја изоставаат оваа мала ситница и секогаш си го местат креветот веднаш по станувањето.

utrinski-naviki-na-site-uspesni-luge-03.jpg

Секогаш појадуваат

Никогаш не го прескокнуваат појадокот и секогаш се трудат тој да биде здрав и полн со намирници кои ќе им дадат енергија за добар почеток на денот.

Утрата си ги посветуваат на себе

Социјалните мрежи не се првото нешто што го проверуваат, туку утрата си ги посветуваат на самите себе. Со тоа се избегнуваат сите непотребни нервози кои можеме да ги добиеме со читањето нови и вознемирувачки вести.

Затоа, успешните луѓе оваа обврска ја оставаат за подоцна, кога ќе бидат целосно расонети.

utrinski-naviki-na-site-uspesni-luge-04.jpg

Ги планираат денот и обврските однапред

Најтешката и најважната обврска секогаш ја планираат и ја прават прва, а потоа сите останати. Многу од нас не ја практикуваат оваа навика и секогаш тешките обврски ги останавaат за последни.

Ова е голема грешка затоа што најчесто, тие остануваат недовршени или пак завршени, но со малку внимание.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава