Зошто емпатите чувствуваат дека не припаѓаат никаде?

Постојат неколку причини за „чувство на неприпаѓање“ - нешто што емпатите често го искусуваат.

Zosto empatite cuvstvuvaat deka ne mozat da se vklopat nikade 01

Бидејќи главната карактеристика на емпатите е нивната способност да ги доживуваат и почувствуваат туѓите емоции, веројатно ќе помислите дека ова ќе им овозможи подобра врска со луѓето околу нив. Но, реалноста е поразлична. 

Емпатите често можат да препознаат кога некој се чувствува нервозно или тажно. Можат да препознаат и кога некој е недоверлив и кога се преправа дека е некој што не е. Имаат способност да ги разберат другите, да разберат како се чувствуваат, но тоа не значи дека ќе ги прифатат или сакаат. 

Емпатите се надарени да чувствуваат интензивно, и добри, и лоши чувства.

Обично почнуваат да се разбираат себеси откако ќе доживеат интензивно будење, најчесто после тежок период. Како резултат на ова будење, можат да им се спротивставуваат на нивните и на туѓите емоции. Поради ова, пак, можат да страдаат од замор, исцрпеност и други различни проблеми.

Поминувањето време со други луѓе не им одговара, така што ќе треба да поминат поголем дел од времето сами. Но ова само ќе го зајакне силното чувство на неприпаѓање.

Zosto empatite cuvstvuvaat deka ne mozat da se vklopat nikade 02

Општеството постојано им диктира на луѓето како треба да се однесуваат, да размислуваат, да се едуцираат или што им е потребно да бидат среќни. Луѓето не треба да размислуваат, да чувствуваат или да изгледаат исто.

Секој од нас е единствена индивидуа. Сите овие работи чинат да се чувствуваме безначајно и несигурно.

Не е важно дали некој се вклопува во надворешниот свет, бидејќи она што е навистина важно е - дали тој или таа се вклопува со себе. На овој начин ќе најдете мир, како и чувство на припадност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава