Како правилно да го исчистите рачниот часовник?

Мислевте дека мобилниот телефон е извор на зарази и бактерии, но не е само тој полн со нечистотија. 

Ke se iznenadite no ovoj predmet go koristite sekoj den 01

Истражувањата откриваат дека рачниот часовник „собира“ бактерии и дека секој примерок содржи голем број микроорганизми. Како најлоши се покажале часовниците за вежбање, кои имаат 8 пати повеќе бактерии од ВЦ школката. Исто така, пластичните и кожените модели се повалкани од металните.

Без разлика дали носиме часовник секој ден или само во текот на работното време, факт е дека не ги чистиме толку често колку што ги миеме рацете. За жал, не сите часовници се водоотпорни, така што избегнувањето контакт со вода може да биде голема причина за создавање бактерии.

Најдобро е рачните часовници да ги чистите барем еднаш месечно, и тоа на следниов начин:

- Отстранете го ремчето од часовникот.

- Ставете вода и малку средство за миење садови во еден сад, но само ако се работи за часовник од нерѓосувачки челик или пластика. За кожени модели, подгответе мешавина од вода и алкохолен оцет.

- Потопете го ремчето во водата и оставете го половина час до неколку часа, во зависност од тоа колку е валкано.

- Исчистете го со мека крпа или четка и исплакнете со чиста вода.

- Исушете го часовникот со крпа или оставете го да се исуши сам. Кога сè ќе биде суво, наместете го ремчето и тоа е тоа.

Ke se iznenadite no ovoj predmet go koristite sekoj den 02

Едно истражување открило дека женските чанти честопати се преполни со микроорганизми и нечистотија, затоа што ретко кога жените ги чистат. Како највалкан се покажал кремот за раце.

Бактериите можат да се пронајдат и на другите предмети - клучеви, кармин, маскара, итн. Особено е лошо што жените имаат навика да ги оставаат торбите на подот, дури и кога се во јавен тоалет.

Конечно, експертите велат дека седиштата во тоалетот се дизајнирани на посебен начин што бактериите не остануваат на нив долго време, односно не можат да преживеат долго.

Од друга страна, тие често се чистат, па затоа не изненадува што содржат помалку бактерии од другите работи што ги користиме во нашиот секојдневен живот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg