Како се разликува пандемијата со корона вирусот од другите пандемии низ историјата?

Кога првпат слушнавме за корона вирусот, не ни помислувавме дека ситуацијата ќе ескалира толку брзо.

kako-se-razlikuva-pandemijata-so-korona-virusot-od-drugite-pandemii-01.jpg

За само неколку недели, вестите што ги слушавме за Кина, станаа нашата реалност. Почнаа да се затвораат училишта, канцеларии, ресторани, театри… Всушност, се затвори целиот свет.

Човештвото се соочило со неколку пандемии – СИДА, ебола, H1N1, пандемијата со грип од 1918… но, сепак успеало да ги преживее.

Па, како се разликува сегашната пандемија со корона вирусот од овие останатите?

Мерките се воведуваат врз основа на прогнози

Во многу држави, веќе се преземаа мерки за заштита уште пред СЗО да прогласи пандемија.

„Со КОВИД-19, екстремните мерки на изолација и затворање не беа преземени поради бројот на смртни случаи, туку поради она што би можело да се случи“, вели Талја Мирон-Шац, доктор и експерт за медицински одлуки, за Reader's Digest.

За споредба, за време на пандемијата со грип од 1918-та, никој не знаел колку заболени, ниту колку жртви ќе има. За сегашната ситуација, експертите постојано прават прогнози и претпоставки, па приближно знаеме што можеме да очекуваме.

kako-se-razlikuva-pandemijata-so-korona-virusot-od-drugite-pandemii-02.jpg

Стапка на смртност

Со стапката на смртност се одредува способноста на вирусот да убива луѓе. Бидејќи пандемијата уште не е завршена, експертите не можат да одредат точна стапка на смртност за овој вирус.

Според епидемиологот Навал Асија, не е лесно да се одреди стапката на смртност, најмногу бидејќи зависи од многу фактори. Сепак, според прелиминарните анализи, засега се верува дека смртноста од КОВИД-19 е повисока од свинскиот грип, но пониска од пандемијата во 1918-та.

Ширење на вирусот

Воглавно, пандемиите прекинуваат после неколку бранови, бидејќи повеќе луѓе ќе бидат заразени, па ќе се формира групен имунитет кој ќе го спречи понатамошното ширење.

Според доктор Асија, секој вирус преферира разна клима, возрасна група, пол и други необјасниви фактори. Овие фактори, пак, диктираат како вирусот ќе се шири низ одредени возрасни групи и географски региони, во одреден период. Во некои држави ќе има повеќе, а во некои помалку заразени.

Бидејќи уште сме сред пандемија, не е сосема јасно како ќе продолжи ширењето на вирусот. За разлика од болест како ебола, КОВИД-19 имаше големо влијание врз многу делови од светот и од епидемија брзо се претвори во пандемија.

kako-se-razlikuva-pandemijata-so-korona-virusot-od-drugite-pandemii-03.jpg

Период на инкубација

Друга важна карактеристика на вирусот е колку долго може да биде присутен кај човек, пред да биде забележан.

„КОВИД-19 има подолг период на инкубација од која било пандемијата што сме ја виделе досега“, изјавил епидемиологот Димитар Маринов од Медицинскиот факултет во Варна, за Reader's Digest.

Според СЗО, за корона вирусот, тој период е во просек 5-7 денови, но може да трае и 14 дена. Истовремено, има случаи каде што периодот на инкубација траел и до 27 денови. Ова го олеснува ширењето на вирусот, бидејќи заразената личност подолг период не е ни свесна дека може да го пренесе.

Светот е поповрзан од кога било

Иако сегашната пандемија доста се споредува со онаа 1918-та, треба да се земе предвид и различната социјална и политичка клима во која се појавиле двете пандемии.

Поради глобализацијата, речиси ниту една држава не е целосно изолирана - денес храната, луѓето и сите продукти патуваат многу брзо и лесно ширум целиот свет, а ова му овозможи на вирусот брзо да се разнесе насекаде. Токму поради тоа, многу држави, вклучувајќи нè и нас, ги затворија своите граници.

kako-se-razlikuva-pandemijata-so-korona-virusot-od-drugite-pandemii-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg