Вистинска инспирација: 24-годишна девојка со ампутирана нога стана успешен светски модел

24-годишната Бернадет имала рак поради кој ѝ ја ампутирале ногата, но таа не дозволува ова да влијае врз нејзиниот живот.

vistinska-inspiracija-24-godishen-model-so-amputirana-noga-sorabotuva-so-svetski-poznati-brendovi-01.jpg

Во 2018-та, Бернадет Хаганс од Белфаст, Ирска, била дијагностицирана со рак на мекото ткиво. Во тој момент, единствениот начин да ѝ го спасат животот бил ампутација на нејзината нога. Нормално, на девојката не ѝ било лесно да се соочи со новата реалност, но денес таа е полна со самодоверба, па дури и потпишала договор со модна агенција.

Откако добила вештачка нога и научила да оди со неа, Бернадет потпишала договор со модна агенција која се фокусира на модели со попреченост. Таа почнал соработка со Primark, а сега е и дел од кампањата на Kurt Geiger, наречена People Empowered.

„Одлично е кога се прикажуваат луѓе како мене, бидејќи тоа се случува многу ретко. Мислам дека можам да покажам дека и различните луѓе изгледаат добро, и дека можете да го извлечете најдоброто од она што ве прави поразлични од другите“, вели младата девојка.

Таа смета дека позитивното размислување ѝ помогнало многу во целата ситуација.

„Сите мислеа дека е прашање на време кога ќе ме погоди ситуацијата, но едноставно се чувствувам многу среќна“.

Кога ѝ ја соопштиле веста за ампутација, Бернадет си рекла дека тоа е во ред бидејќи некои луѓе се раѓаат без нозе.

„Го искусив животот со две нозе, сега ќе го искусам со една. И да, имав рак, но ми дадоа и шанса за живот. Некои луѓе ја немаат таа опција“.

Кога се привикнала на вештачката нога, Бернадет барала начин и да ја направи постилска. Тогаш се сетила да контактира фирма која прави лепенки за автомобили, и ги прашала дали можат да ѝ направат за ногата. Од фирмата прифатиле, па можете да забележите дека вештачката нога на Бернадет има неколку различни бои.

„Сега слушам луѓе кои прашуваат ’Ја видовме девојката со шарената нога – каде да набавиме таква?‘“, вели Бернадет.

Интересно е што Бернадет поврзала неколку луѓе во иста ситуација со фирмата, па сега и тие имаат лепенки за нивните вештачки нозе.

Бернадет првпат ги забележала симптомите на ракот во август 2017-та - почувствувала болка во десната нога, а потоа открила болен оток. Не поминала ни една година, пред да ги добие резултатите и дијагнозата за рак. Тогаш ѝ кажале дека единствениот начин да ја спасат е ампутација на ногата.

„Можеби звучам лудо, но отсекогаш сум била позитивна личност и не бев многу разочарана. Има многу луѓе на кои им е полошо од мене – има деца со рак. Јас веќе проживеав добри 22 години“, изјави храбрата девојка минатата година.

Во октомври 2018-та, на Бернадет ѝ направиле операција за ампутирање која траела 6 часа. Бидејќи операцијата била ден пред Ноќта на вештерките, Бернадет дури и се шегувала дека го има совршениот костим.

Неколку месеци подоцна, испитувањата покажале дека Бернадет повеќе нема рак. Набрзо потоа ја добила и вештачката нога, а научила да оди со неа за само 10 дена.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg