26 години К-15: Гледајте ја првата епизода од легендарното шоу, која се емитува на социјалните мрежи (видео)

Пред точно 26 години, односно на 23 ноември 1994, се емитуваше првата епизода од популарното хумористично шоу К-15. Набрзо, речиси сите зборуваа за Миле Паника, Цацко Конопишки и Тошо Малерот, и со нетрпение го чекаа новиот скеч.

26-godini-k-15-gledajte-ja-najprvata-epizoda-od-shouto-koja-kje-se-emituva-na-youtube-i-facebook-po-povod-godishninata01.jpg

К-15 е дело на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Бубо Каров кои покрај тројцата препознатливи ликови, се појавуваа и во други улоги, како Ристо или Блажо, одлично отсликувајќи ги најсмешните стереотипи кои ги сретнувавме и уште ги сретнуваме секојдневно.

Поминаа скоро три децении откако почна емитувањето на легендарните К-15, но многу од нас ги прегледуваме старите скечови и денес. За оние кои уште уживаат во хуморот на К-15, Бранко Огњановски соопшти одлична вест на неговиот Facebook профил:

„На денешен ден пред 26 години се емитуваше првата епизода на К-15 на тогашната А1. По тој повод, денес во 19:30 на официјалниот YouTube канал и на нашиот Facebook ќе ја пуштиме првата епизода, интегрално, исто како што се емитуваше на 23.11.1994 година“.

Емитувањето на првата епизода на YouTube можете да го погледнете во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава