Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дефиниција за баксуз

definicija-za-baksuz-povekjeВо Марфиевиот закон никој не се сомнева! Дека сè што може да тргне наопаку и ќе тргне, сме се увериле безброј пати и тоа на сопствената кожа.


На легендарниот Марфи му тргнало од рака таа „баксузна“ животна вистина да ја преточи во научна дисциплина, создадена при директно соочување со реалните проблеми.

definicija-za-baksuz

Ниту една од претпоставките никогаш не е оспорена, ниту пак застарена, што сведочи за генијалноста на нејзиниот творец.

Наместо од интелектуална љубопитност, марфиевата „наука“ изникнала од непријатните сознанија дека балансираме на тенка жица над океанот на случајности.

Секоја научна дисциплина има свои основни препоставки и историја, но на оригиналниот Марфи не е лесно да му се влезе во траг.

Според Артур Блох, авторот на книгата „Марфиевиот закон – и други причини зошто работите одат наопаку“, творецот на популарниот закон Ед Марфи, е инженер од лабораторијата „Рајт Филд Еркрафт“.

Ед Марфи, кој станал познат како зачетник на науката за чудните околности и резултати, работел половина век во американската воена база за развој на нови авионски конструкции.

Во една ситуација, изнервиран од однесувањето на својот колегата, извикал: „Ако постои начин нешто да направи како што не треба, така и ќе направи!“ Подоцна таа изјава станала препознатлива и со „брзината на светлината“ се раширила низ цела Америка, а потоа и низ целиот свет.

Некои велат дека Марфи бил преголем оптимист, додека други напоменуваат дека од законите на Марфи нема никаква корист, а како доказ го неведуваат следниот:

Дождот ќе почне да паѓа штом почнам да го ја мијам колата, освен ако не ја мијам колата со цел да предизвикам дожд!

Но, зад Марфиевите закони често пати се кријат очигледни објаснувања. „Компјутерот секогаш е спор кога ни се брза“, закон кому му се спротивставува логичен аргумент: компјутерот работи со иста брзина, но неговиот корисник е понетрпелив.

Што мислите вие за Марфиевите закони? Споделете некое свое животно искуство.

Би можело да ве интересира:

Фотографии што ќе ве потсетат на безгрижните лета од детството Си игравме надвор додека не зајде сонцето и велосипедот ни беше омиленото превоз...
Сиромаштија, зависници: „Мрачната“ страна на Америка којашто не ја гледаме во филмовите „Кога бев млад, сакав да се преселам во САД. Кога отидов, бев шокиран од многуте...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
11 луѓе чија смисла за хумор е толку добра, што ќе ве насмее и вас (фото) „На рецепцијата на нашиот хотел има знак што ме насмеа - Не си ги заборавајте по...
11 навики со кои ширите негативна енергија (иако можеби немате таква намера) Нервозни движења и немир. Саркастичен или чуден хумор... Со кои однесувања ширит...
Нарачав вазна од TEMU, а добив слика - По 2 нарачки сфатив дека мора да го читам описот до крај Дали сте и вие „заразени“ со порачување производи на TEMU? Јас да, од првиот мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg