Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично

Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хотелите Хилтон се луѓе кои се родиле во богати и моќни семејства, но сепак завршиле трагично.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno01.jpg

Секој од нас има помислено дека кога би се родиле во богато и моќно семејство, животот би ни бил совршен.

Во некои ситуации, ова е вистина и богатите наследници умеат паметно да ги искористат парите и влијанието на нивните семејства.

Но неретко, богатите наследници завршуваат трагично, и покрај тоа што ги имале „сите пари на светот“.

Пет богати наследници чии животи завршија со трагедија:

Фред Трамп Џуниор

Фред Трамп Џуниор е постариот брат на Доналд Трамп и првично тој требало да го наследи богатството на татко им.

Додека татко му сакал да се посвети на семејниот бизнис, Фред сонувал да стане пилот и си ја исполнил желбата. Но, поради оваа одлука, го влошил односот со татко му и по некое време се свртел кон алкохолот.

До раните 1970-ти, алкохолизмот веќе имал влијание врз секој аспект од неговиот живот, особено кариерата.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-02.jpg

Кога веќе не бил во можност да работи како пилот, сепак почнал да се ангажира во фирмата на татко му, заедно со брат му Доналд.

Неговите проблеми со алкохолизмот не завршиле овде, па поради пиењето му се растурил и бракот.

По разводот, се преселил во домот на родителите, продолжил со пиењето, за во 1981-ва да почине од инфаркт кој во голема мера бил предизвикан од алкохолизмот.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-03.jpg

Конрад „Ники“ Хилтон Џуниор

Конрад е најстариот син на основачот на хотелите Хилтон, што значи се очекувало да го наследи семејниот бизнис, а со тоа и огромното богатство.

Но, решил да се отпише од факултет за да ѝ се приклучи на американската воена морнарица. Потоа се запишал на училиште за хотелиерство во Швајцарија, но бил суспендиран по само шест месеци.

Во меѓувреме, Конрад стекнал репутација на женкар и извесен период бил во брак и со Елизабет Тејлор.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-04.jpg

Се коцкал, пиел, станал зависен од хероин, а бил и насилен – во една пригода ја удрил актерката во стомакот поради што таа доживеала спонтан абортус.

По разводот со Елизабет, тој се венчал со друга жена, која како него била богата наследничка.

Но, проблематичното однесување на Конрад не само што не прекинало, туку тој стекнал и нова зависност, овојпат од лекови за спиење.

И втората сопруга го оставила, а две години подоцна, на 42-годишна возраст, Конрад починал од инфаркт.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-004.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...

Најчитани неделава