Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично

Дејвид Кенеди

Некои веруваат дека семејството Кенеди е проколнато, бидејќи голем дел од членовите завршиле трагично. Еден од нив е и синот на Џон Ф. Кенеди – Дејвид.

Дејвид имал едвај 13 години кога татко му бил убиен, а уште потажно е што го видел атентатот на телевизија.

Оваа трагедија го одбележала целиот негов краток живот.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-07.jpg

Уште во тинејџерските години, Дејвид користел дрога, а во една пригода додека бил под дејство, направил сообраќајка во која си го скршил ’рбетот. Во автомобилот била и неговата тогашна девојка која останала парализирана.

По сообраќајката, Дејвид станал зависен од лекови против болка и хероин и неколкупати завршил во болница поради предозирање.

Неколкупати бил уапсен за возење под дејство на алкохол, а целото семејство го презирало и тој бил свесен за тоа.

Во 1984-та, кога имал само 28 години, Дејвид би пронајден мртов во хотелска соба. Како причина за смртта била наведена смртоносна доза кокаин, во комбинација со антидепресиви кои му биле препишани од лекар.

По неговата трагична смрт, се прослави и теоријата за проклетството на семејството Кенеди.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-06.jpg

Ендру Гети

Ендру Гети бил внук на нафтениот тајкун Пол Гети – еден од најмоќните и најбогатите луѓе во САД.

Татко му на Ендру бил еден од наследниците на империјата на Пол Гети – позиција што би требало да ја наследи и тој.

Но, Ендру многу повеќе сакал да снима филмови, па се надевал дека со врските на неговото моќно семејство, ќе успее да се пробие во индустријата.

По завршувањето на студиите, се преселил во Лос Анџелес и почнал да работи на својот прв филм.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-08.jpg

По 10 години и потрошени шест милиони долари, Ендру не успеал да го заврши филмот, па како да се откажал од својот сон.

Почнал да користи метамфетамин, а притоа имал и низа здравствени проблеми, вклучувајќи заболување на срцето и чир на желудникот.

Во 2015-та, на 47-годишна возрат, Ендру бил пронајден мртов во неговиот дом.

Аутопсијата покажала дека причина за смртта било крвавење предизвикано од чирот на желудникот, но и преголема доза метамфетамин.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-09.jpg

Амшел Ротшилд

До денес, семејството Ротшилд важи за едно од најмоќните во светот. Но за Амшел, кој бил шестата генерација од моќната династија, богатството не било од помош.

За разлика од останатите наследници на листата, Амшел бил доста успешен. Откако заврши факултет, се вклучил во семејната фирма и до смртта држел висока позиција.

Амшел имал и разни хобија, од кои најмногу се истакнувале градинарството и тркањето со автомобили.

Имал свој овоштарник преку кој произведувал сок од јаболка, а поради желбата за тркање, станал колекционер на скапи автомобили.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-10.jpg

Амшел бил и во брак со богата наследничка, со која добил три деца.

Но, иако однадвор изгледало како да го има совршениот живот, Амшел страдал од депресија. Во 1996-та, на 41-годишна возраст, Амшел бил пронајден мртов во хотелска соба во Париз.

Тој отишол во престолнината на Франција на деловно патување, но решил таму да си го одземе животот.

По трагичната смрт, неговата сопруга потврди дека Амшел страдал од депресија за која не добивал никаков третман.

brat-mu-na-donald-tramp-i-ushte-4-bogati-naslednici-koi-zavrshija-neslavno-i-tragichno-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Извадил 200 евра, купил билет за Лондон и исчезнал: Детали за чудното исчезнување на 14-годишниот Ен... Ендру Госден бил натпросечно интелигентно дете кое немало ниту еден изостанок на...

Најчитани неделава