Вселенски брод, 500 долари за Памела Андерсон – Најлудите роденденски забави и покани на Доналд Трамп

Од покани на коишто е облечен како Тарзан и како крал, па сè до забави со вселеснки брод и торта од четири метри, Доналд Трамп навистина ги прославува родендените на најлудите начини.

vselenski-brod-torta-kako-supermen-najludite-rodendenski-zabavi-i-pokani-na-donald-tramp-01.jpg

Пред да стане претседател на САД, Доналд Трамп беше добро познат по чудните забави, особено оние за неговите родендени.

Иако речиси и да нема фотографии од овие забави, луѓето кои имале можност да присуствуваат, особено новинари од познати медиуми, имаат споделено што сè виделе таму. Трамп не открива ни кои луѓе присуствуваат на неговите родендени, но според присутните, неретко имало многу познати имиња, како Памела Андерсон и Лајза Минели.

Покрај забавите, и поканите за роденденските прослави на поранешниот претседател се малку чудни.

Во продолжение погледнете како Трамп ги прославува своите родендени:

1988: 42-ри роденден

Доналд Трамп го прослави 42-иот роденден во Trump’s Castle Hostel & Casino – казино што го поседуваше тој. Иако речиси и да немa фотографии од забавата, според The Washington Post, прославата почнала со бизарно шоу.

Најпрво на сцената се појавил вселенски брод со висина од околу 4 метри, опремен со ласери и кој пуштал чад. Потоа на сцената имало танчари кои танцувале на Bad од Мајкл Џексон.

Наводно, текстот на песната бил преправен за да се однесува на Трамп. На крајот на шоуто биле прикажани и видео честитки од познати луѓе како Лајза Минели.

vselenski-brod-torta-kako-supermen-najludite-rodendenski-zabavi-i-pokani-na-donald-tramp-02.jpg

1990: 44-ти роденден

Оваа забава останала запомнета благодарение на мажот кој успеал да се искраде внатре. Наводно, Трамп дозволил на забавата да присуствуваат и новинари, но не и репортерот Вејн Барет кој тој период пишувал лоши работи за Доналд. Но сепак, Вејн пробал да влезе на забавата и бил уапсен по само 30 секунди.

И асистентот на Вејн пробал да влезе на забавата и успеал, па подоцна откри што сè видел внатре. Наводно, Трамп добил видео честитки од Доли Партон и Елтон Џон, а во просторијата имало поставено огромна реплика од авион од неговата пропадната авиокомпанија.

Гостите биле забавувани од комичар од Saturday Night Live, кој му ја испеал Happy Birthday како Френк Синатра.

1993: 47-ми роденден

Нема фотографии ниту од оваа забава, но барем имаме можност да погледнеме како изгледале поканите. Поканата е илустрација од Трамп седнат на кралски трон со меч во раката, а пред него седи неговата тогашна сопруга Марла. Натписот на поканата гласи:

„Легендарни Авантури. Роденденска прослава за сите времиња со ’ренесансниот човек‘ Доналд Џ. Трамп“.

Според поканата, на забавата имало многу танцување, борби со витези и „многу прекрасни изненадувања“.

vselenski-brod-torta-kako-supermen-najludite-rodendenski-zabavi-i-pokani-na-donald-tramp-03.jpg

1994: 48-ми роденден

Следната година, Трамп успеал да направи уште почудни покани, со огромен натпис кој гласи:

„Трамп – кралот на финансиската џунгла“.

Поканата е украсена со уште една илустрација од Трамп, овојпат облечен како Тарзан, заедно со неговата сопруга. И овојпат Трамп ветил „луда роденденска авантура“.

vselenski-brod-torta-kako-supermen-najludite-rodendenski-zabavi-i-pokani-na-donald-tramp-04.jpg

1996: 50-ти роденден

За 50-тиот роденден, тогашната сопруга Марла му организирала забава на Трамп во познатата Trump Tower. Според New York Times, гостите биле пречекувани со пијанист и виолинисти, како и чаша шампањ и јагоди.

Просторијата била украсена со огромни фотографии од детството на Трамп и скулптура од мраз во форма на сирена со ликот на Марла.

За големото финале на вечерата, била пуштена музика од филмот Superman, а тогаш била изнесена и роденденската торта. Тортата била во форма на Трамп облечен како Супермен, а наместо знакот S, на градите го имал симболот за долар – $. Додека сите ја пееле Happy birthday, во просторијата биле пуштени 600 златни балони.

vselenski-brod-torta-kako-supermen-najludite-rodendenski-zabavi-i-pokani-na-donald-tramp-05.jpg

2005: 59-ти роденден

Според The Washington Post, Трамп го прославил роденденот во казиното Taj Mahal во Атлантик Сити. На забавата присуствувала и Памела Андерсон, а за ова ѝ дале 500 долари. Покрај неа, биле поканети и други Плејбој модели. Тортата, пак, имала три нивоа и била висока околу 4 метри.

vselenski-brod-torta-kako-supermen-najludite-rodendenski-zabavi-i-pokani-na-donald-tramp-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg