7 работи што ги прават гостите, а што ги иритираат најтрпеливите домаќини, низ илустрации


7 работи што ги прават гостите, а што ги иритираат најтрпеливите домаќини, низ илустрации

Некои луѓе си земаат преголема слобода кога се на гости – си проверуваат што има во фрижидерот, го критикуваат ентериерот, ги хранат милениците со сè и сешто…

7-raboti-shto-gi-pravat-gostite-a-shto-gi-iritiraat-najtrpelivite-domakjini-niz-ilustracii-01.jpg

Кога сте на гости, без разлика на колку долг период, морате да ги следите правилата на домаќинот, дури и ако станува збор за многу трпелива личност која не прави проблем за ништо.

На овој начин ќе покажете дека ја почитувате личноста, како и нејзиниот дом, и нема да создадете непотребни проблеми и нервози.

Па, кои се работите што најмногу ги иритираат домаќините, дури и оние најтрпеливите?

Кога гостите го критикуваат нивниот дом

Штом некој ве поканил во неговиот дом, без разлика дали на кратка дружба или на неколку денови, немојте да си давате слобода да го критикувате ентериерот. Можеби имате различни вкусови со домаќинот, можеби тој планира да реновира, можеби моментално нема можност да го уреди домот подобро…

И сепак, не живеете вие таму па да ви пречи тоа што тепихот е црвен или завесите стари.

7-raboti-shto-gi-pravat-gostite-a-shto-gi-iritiraat-najtrpelivite-domakjini-niz-ilustracii-02.jpg

Кога гостите проверуваат што има во фрижидер

На некои луѓе не им пречи да им разгледувате во фрижидерот и сами да се послужите. Но за да избегнете недоразбирања, немојте никогаш сами да го отворате фрижидерот.

Ако сте гладни, жедни или што било, кажете му на домаќинот и тој ќе ви даде што ви треба.

7-raboti-shto-gi-pravat-gostite-a-shto-gi-iritiraat-najtrpelivite-domakjini-niz-ilustracii-03.jpg

Кога гостите им даваат храна на милениците без дозвола

Можеби мислите дека една грицка нема да направи ништо, но многу видови храна што ги јадеме ние можат да им наштетат на животните. Покрај тоа, од каде знаете дали миленичето не е алергично на нешто?

Ако сакате да го нахраните миленичето, прашајте го домаќинот и подобро нека ви даде од неговата специјална храна отколку да ризикувате.

7-raboti-shto-gi-pravat-gostite-a-shto-gi-iritiraat-najtrpelivite-domakjini-niz-ilustracii-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 луѓе кои сфатиле дека животот е еден и треба да живеат така како што сакаат Кој рече дека на 31 година е доцна да возите велосипед или на 45 да научите да и...
Луѓе кои не личат на возраста - ќе погодите ли колку години имаат? Генетските предиспозиции знаат да направат чуда. Познавате ли некоја навистина м...
Луѓе кои имаат обични професии, а може да работат како модели (фото) Дали некогаш сте сретнале некој вработен кој ви го привлекол вниманието со својо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg