Бонтон правила кои ги забораваме во секојдневието
Човекот е толку учен колку што му се добри манирите, би рекле многумина.

Сепак, во денешното брзање, 90% од добрите манири отидоа во заборав.
Ова се правила од бонтон експерт на кои вреди да се потсетиме и да ги „вратиме во живот:“
- Во јавен превоз се зборува исклучиво тивко. Зборувањето на телефон е забрането. Максимумот што можете да го кажете е: „Ало, во моментов не можам да зборувам, ќе те побарам за кратко.“ Генерално, ова важи за сите места каде има многу непознати лица на едно место. Односно, тоа може да биде и лифт.

- Во јавен превоз исто така мажите треба да го отстапат местото на жените. Истото правило важи и за дечињата од 5-6 годишна возраст, па нагоре.

- Лубеница се јаде со виљушка и нож.
- Путерот не се размачкува на лебот. Се остава во парчето во кое е исечен.
- Лимонот од пијалаците не смее да се јаде и џвака.
- Во канцеларија не се части ништо што е на парчиња или за што треба прибор за јадење. Може да почастите канапеи или јаткасти плодови.

- Ноктите се средуваат или дома или во салон за разубавување и на ниту едно друго место.

- Никогаш не комуницирајте со говорни пораки. Ако однапред не сте се договориле за овој начин, не се снимајте без претходна најава.
- Дури и на најголемите жештини, на важни состаноци и формални настани не се оди со голи нозе. Секогаш се носат хулахопки.

- Комплиментот упатен кон непознат човек не е лош потег. Некултурно е само да одбиете или игнорирате комплимент кој вие ќе го добиете.
- Никогаш не го допирајте туѓото дете пред претходна дозвола од родителот или возрасното лице кое го придружува.
- Кога му се обраќате на детето, би требало да клекнете за да бидете во негова висина.

- Врата се отвора на луѓе кои се 2 до 3 чекори позади вас. Ако човекот е далеку околу 10 чекори, подобро не ја држете вратата. На тој начин само ќе го натерате да брза.
- Ако го допрете приборот или салветата во ресторанот, тогаш мора да нарачате храна.
Би можело да ве интересира:
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации
Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб...
Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото
Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су...
На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони...
„Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...