8 знаци кои докажуваат дека сте волк во свет полн овци

Да се биде волк во светот преполн со овци не е воопшто лесно. И покрај сè, силните и независните луѓе секогаш ќе успеат да го најдат своето место под сонцето и често пати ќе успеат да ја достигнат вистината која е недостижна за обичниот човек.

8-znaci-deka-ste-volk-vo-svetot-poln-ovci-01.jpg

И како што вели добро познатата изрека – подобро е да се движиш сам во вистинскиот правец, отколку да го следиш стадото директно во бездната. 

Доколку сметате дека сте една од овие силни личности, следните 8 знаци докажуваат дека сте волк во свет преполн овци:

Посветени сте

Кога имате цел, ништо не може да ви застане на патот. Секогаш сте мотивирани и подготвени за акција во кое било време. Како и волкот, значи дека имате моќ да остварите сè што ќе посакате.

Ги штитите луѓето кои ги сакате

Слично како и волкот кој води смета за глутницата, така и вие се грижите за драгите луѓе во своето опкружување. Кога станува збор за блиските и саканите веднаш се претворате во диво животно подготвено за ги заштити без оглед на сè! Доколку само некој ги пипне, веднаш ги покажувате наострените заби.

Независни сте

Најмногу од сè ја цените слободата. Сакате да бидете она што сте и си ја следите својата цел и патека. Често пати сакате да се изолирате, да се осамите со цел да си ги преиспитате целите.

Ја обожавате ноќта, тоа е вашето време

Ноќта е времето на волкот. Тоа е доба од денот кога слабите одмараат, а волците напаѓаат. За вас ноќта е совршен период за размислување, но и за работа. Најдобрите идеи ви доаѓаат токму ноќе.

Многу сте искрени

Луѓето често пати помислуваат дека сте малку „диви“, но вистината е дека немате време за лаги и за играње игри. Секогаш настапувате крајно искрено и го кажувате тоа што го мислите без никаква резерва.

Ја прифаќате својата уникатност

Зошто да го следите стадото со овци кога сте родени како волк? Јасно ви е дека сте поинакви од другите, вонсериски, и се држите подалеку од луѓето кои ве враќаат назад. Она што најмногу го сакате кај себе е што знаете кои сте, што сте и кон што се стремите.

Горделиви сте

Што и да ви се случи во животот, вие секогаш останувате силни. Дури и кога работите се изјаловуваат и сè тргне по надолна линија, вие секогаш одите со високо крената глава. Дури и во најлошите моменти успевате да се изборите со себеси. Никогаш нема да дозволите да му се покорите на некој послаб од вас.

Нема да се смените за кого и да било

Волкот си останува волк, тоа никогаш нема да се смени. Вие го сакате тоа што сте и секогаш ќе останете такви. Никој од вас не може да направи овца. Нема ниту да им дозволите да се обидат.

Можеби животот на волкот не е лесен, но секој ден е вреден.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава