Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Исповеди на поранешни затвореници: „Што ме зачуди најмногу кога излегов од затвор?“

Од напредок на технологијата и нашата зависност од смартфони, па сè до големината на дрвјата и убавината на природата - затворениците доживуваат вистински шок откако ќе излезат на слобода после неколу години поминати зад решетки.

onlajn-narachki-crvena-boja-smartfoni-poraneshni-zatvorenici-otkrivaat-shto-gi-shokiralo-najmnogu-otkako-bile-oslobodeni01.jpg

Служењето затворска казна е искуство што дефинитивно го менува животот. Без разлика како си ја заработиле казната, сите затвореници ги очекуваат драстични промени во секојдневието штом ќе стапнат во нивната ќелија.

Но, можеби уште поголем е шокот што го доживуваат откако ќе излезат од затвор, особено ако поминале неколку години внатре.

Генерално, затворениците се изолирани од надворешниот свет и не ни знаат што се случува, а сите знаеме колку може да се промени светот за само година-две.

Неколку поранешни затвореници решиле да споделат што ги шокирало најмногу кога биле пуштени на слобода по неколку години поминати во затвор, а дел од нивните изјави сигурно ќе ве натераат да почнете да ги цените и најмалите, најбезначајните нешта во животот.

Во продолжение дел од најинтересните искуства:

„Тато беше во затвор од 2003 до 2006 година и најмногу го шокираше технологијата, но и покачените цени во McDonald’s“.

„За мене, едно од најтешките нешта беше избирањето. Да појаснам – во затворот, ако сте среќни, можете да избирате помеѓу два вида шампон. Кога првпат отидов по продукти за хигиена откако излегов од затвор, бев совладан од огромниот избор шампони и не знаев кој да го земам. Стоев во продавницата и плачев неколку минути, и на крај излегов без да купам нешто“.

„Само што излегов. Најчудно ми е што насекаде ги гледам овие проклети електрични тротинети“.

onlajn-narachki-crvena-boja-smartfoni-poraneshni-zatvorenici-otkrivaat-shto-gi-shokiralo-najmnogu-otkako-bile-oslobodeni-02.JPG

„Поранешниот шеф помина седум години зад решетки. Рече дека утрото кога го пуштиле на слобода, отишол со баба му во маркет. Внатре почнале да го болат очите бидејќи немал видено црвена боја со години“.

„Чичко ми беше во затвор околу 30 години и не можеше да поверува дека можете да порачате храна од интернет и дека ќе ви ја донесат дома. Па, му порачав вечера од интернет и кога дојде доставувачот го пречека многу радосно“.

„Отидов во затвор кога излезе првиот ајфон, а излегов во 2014-та. Она што ме зачуди не беше напредокот на технологијата за смартфони, туку фактот што сега сите зјапаа во нивните телефони. Баш како во епизода од Black Mirror“.

onlajn-narachki-crvena-boja-smartfoni-poraneshni-zatvorenici-otkrivaat-shto-gi-shokiralo-najmnogu-otkako-bile-oslobodeni-03.JPG

„Бев во затвор шест години. Најмногу ме шокира тоа што повеќе не можеш да правиш речиси ништо без смартфон“.

„Имав пријател кој помина 10 години во затвор. Рече дека откако излегол, најголема импресија имал од дрвјата. Наводно, му изгледале огромни и цело време мислел дека ќе паднат врз него“.

„Тато доби доживотна казна затвор за дело што не го стори. По 20 години ја докажа невиноста и го ослободија. Најмногу се изненади кога сфати дека повеќе не може да вози автомобил, ни велосипед. Мораше да учи одново. Беше смешно да гледате маж во 50-тите како паѓа од велосипед“.

onlajn-narachki-crvena-boja-smartfoni-poraneshni-zatvorenici-otkrivaat-shto-gi-shokiralo-najmnogu-otkako-bile-oslobodeni-04.JPG

„Еден пријател толку се навикнал стражарите да му кажуваат што да прави, што тоа му беше сосема нормално. Кога излезе имаше проблеми со анксиозност бидејќи немаше кој да му кажува што да прави“.

„Ги заборавате ситните детали – како чувството кога боси ќе стапнете на тепих, или чувството кога се туширате сами без да носите влечки“.

„Поминав шест години зад решетки. Кога ме ослободија, најголем шок ми беа прекрасните глетки и боите. Заборавив колку е прекрасна природата. Тогаш си реков дека нема да дозволам повторно да одам во затвор, бидејќи таму нема убавина. Убавината е надвор. Сега ми е драго што сум слободен и секој ден му се восхитувам на прекрасниот свет надвор од затворот“. 

onlajn-narachki-crvena-boja-smartfoni-poraneshni-zatvorenici-otkrivaat-shto-gi-shokiralo-najmnogu-otkako-bile-oslobodeni-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Луѓе кои биле неправедно осудени и поминале над 20 години во затвор за туѓи злосторства Американецот Кит Харвард „за влакно“ ја избегнал смртната казна и поминал 33 год...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg