Што значи кога сонувате цело време ист сон и како да престане да ве „демне“?

Многумина тврдат дека им се случува постојано да сонуваат еден ист сон или, пак, некои соништа да им се повторуваат. Постои ли објаснување за овој феномен и што сака вашиот сон да ви каже?

mnogu-lugje-se-soochuvaat-so-ovoj-problem-zoshto-postojano-sonuvame-isti-sonishta-01.jpg

Според науката, повторливите сонови може да се одраз на некои неразрешени прашања во вашиот живот, но можат да бидат предизвикани и од некоја физиолошка појава.

Иако не мора да значи дека секогаш станува збор за страшни соништа и кошмари, сепак многумина се исплашени и вознемирени од тоа што постојано го сонуваат истиот сон. Се прашуваме - што може тоа да значи и како да го протолкуваме?

mnogu-lugje-se-soochuvaat-so-ovoj-problem-zoshto-postojano-sonuvame-isti-sonishta-03.jpg

Соништа дека летаме или паѓаме, дека некој не прогонува или нè напаѓа. Потоа, соништа со разголеност, враќање во училиште, губење заб, доцнење на некој важен настан, автомобилска несреќа... Ова се само некои од соништата што се повторуваат кај поголем дел од нас.

Иако соништата можеби не се идентични, сепак овие симболи како постојано да се повторуваат, одново и одново.

Прочитајте и Пари, неверство, оган и уште седум други соништа што не треба да ги занемарувате - Што сака да ви каже потсвеста?

Според Healthline, повторувањето на соништата се должи на три главни проблеми, а тоа се некои неостварени желби, работи за кои сте загрижени или сте под стрес, или работи од минатото со коишто сè уште не сте се справиле.

mnogu-lugje-se-soochuvaat-so-ovoj-problem-zoshto-postojano-sonuvame-isti-sonishta-02.jpg

Честопати се случува да се разбудиме возбудени и преплашени првиот пат кога сме сонувале некој сон, но што да се прави кога тој ист сон повеќепати се повторува? Дали има решение?

Во овој случај, иако не постои реално решение што би можело да влијае врз тоа што го сонувате, разговорот со психолог или психијатар за нештата за коишто сте загрижени или сте под стрес, можеби ќе ви помогне и ќе ги промени соништата што се повторуваат. 

mnogu-lugje-se-soochuvaat-so-ovoj-problem-zoshto-postojano-sonuvame-isti-sonishta-03.jpg

Иако многу често соништата можат да ви се чинат налудничави и несфатливи, сепак јасно е дека тие даваат увид во тоа со какви емоции се соочувате и кои се вашите желби.

Доколку и вие имате некој сон што постојано ви се повторува и сакате да го протолкувате, можете да го пребарате во нашиот соновник.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава