Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот
„Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Рецепционерите знаат дека не треба на глас да го кажат бројот на вашата соба, но тој е напишан на клучот, Па, не дозволувајте никој да го види“.

Стив Лазарус е писател, но и пензиониран ФБИ агент кој стана вирален благодарение на неговите совети за безбедност.
На Инстаграм го гледаат скоро 800.000 корисници, додека неговите видеа со совети за безбедност имаат по милиони лајкови.
Бидејќи жените се изложени на поголем ризик од секаков вид насилство, советите што ги споделува агентот Стив во голема мера се наменети за женската популација.
Но, секако, можат да им бидат од корист на апсолутно сите.
Дел од советите што ги споделува поранешниот ФБИ агент:
Совети за отседнување во хотел
„Предаторите сакаат хотели, особено кога се во прашање жени кои патуваат сами.
Паркирајте се пред хотелот, каде светлото е посилно и безбедносната камера снима подобро.
Користете го главниот влез секогаш кога влегувате или излегувате од хотелот. Скалилата и задните влезови не ви се пријатели.
Кога се чекирате во хотелот, штитете го вашиот личен простор како на банкомат.
Рецепционерите знаат дека не треба на глас да го кажат бројот на вашата соба, но тој е напишан на вашиот клуч. Па, не дозволувајте никој да го види.
Следно – лифтот. Не го притискајте копчето за вашиот кат сè додека вратата не се затвори. Ако некој влезе со вас, оставете го прво тој да го селектира својот кат.
Застанете во близина на таблата со броеви и запомнете каде е копчето со аларм. Ако ви се чини дека некој ве следел до вашиот кат, тогаш останете во лифтот и вратете се во лобито.
Кога ќе влезете во собата, набрзина проврете дали ве следел некој. Во мигот кога ќе влезете во собата, ставете го знакот за да не ве вознемируваат и заклучете ја вратата.
Следните две-три минути направете безбедносна проверка. Проверете ги местата погодни за криење како гардеробери и зад завесите. Проверете ги бравите и отворот за гледање на вратата.
Ако сакате ад си играте Џејмс Бонд, има и уреди кои скенираат радиофреквенции, магнети и инфрацрвена светлина – работи кои се користат за шпионски камери и скриени микрофони“.
