Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот
Совети за возење автомобил сами (и навечер)
„Ако сте сами во автомобил, избегнувајте изолирани бензински, особено навечер. Одете на пумпата која е најблиску до влезот на бензинската.
Вратите од автомобилот нека ви бидат заклучени сè додека не сте подготвени да наполните гориво.
Пред да излезете, разгледајте ја областа за нешто сомнително, како мажи кои стојат таму, а не полнат гориво. Ако нешто не ви изгледа како што треба, верувајте им на вашите инстинкти и заминете со автомобилот.
Ако полните гориво, клучевите нека бидат со вас, скријте го телефонот, чантата и сите вредни работи.
Додека полните гориво, гледајте околу вас и не плашете се да викнете гласно ако некој влезе во вашиот личен простор.
И уште едно нешто – не дозволувајте резервоарот да ви биде толку празен, што ќе морате да застанете на првата бензиска што ќе ја видите“.
Спирова С. | Црнобело
