Уметник создава неверојатни ремек-дела користејќи машина за куцање (фото)

Уметник и студент по архитектура со седиште во Велика Британија, Џејмс Кук ѝ даде сосема ново значење на фразата „слика вредна илјада зборови“ – со помош на неговата неверојатна вештина.

Umetnik-sozdava-neverojatni-remek-dela-koristejki-mashina-za-kucanje 01 630x330.jpg

Тој „печати“ детални пејзажи и создава портрети користејќи ја единствено неговата машина за пишување.

Изминатата година Кук ја користел својата колекција на машини за пишување со цел да создаде илустрации - како што уметникот ги нарекува, за галеријата Вонски тркала во Финчингфилд, Англија.

Неговото творештво се одликува со бројни, „напишани“ дела кои ги прикажуваат архитектонските и историските знаменитости на неговата земја.

Кук бил инспириран да ја долови убавината на своите локални средини откако поминал месеци во округот Есекс за време на пандемијата со Ковид 19.

Во зависност од сложеноста на предметот, изработката обично трае од 15 до 30 часа.

 „Иако поголемиот дел од мојата работа е јасна според нејзината референтна рамка, употребата на перспектива и концептот на прикривање информации игра важна улога во тоа како цртежите се набудуваат од гледачот. Некои од моите понови дела содржат скриени, пишани пораки кои стануваат видливи само одблизу и со тоа додаваат друга димензија на цртежите“ – објаснува Кук.

Секоја илустрација е составена од илјадници индивидуални знаци.

Во продолжение за вас издвоивме низа негови ремек-дела кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
12 докази дека бабите во минатото имале „златни раце“ (фото) „Баба ми ја направи куклава, од порцеланот, преку фустанот, до чадорот“ „Баба...

Најчитани неделава