Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


„Мислев дека влошките се лепат како фластер“ - Мажи откриваат што дознале за жените откако почнале да живеат со партнерките

„Не е важно колку шноли имаме во домот, секогаш има потреба да се набават уште“.

mislev-deka-vloshkite-se-lepat-kako-flaster-mazhite-otkrivaat-shto-doznale-za-zhenite-duri-otkako-pochnale-da-zhiveat-so-devojkite-01.jpg

Мажите постојано тврдат дека не можат да ги сфатат жените и тука не говориме само за емоциите, туку и за сè она што на жените им е најнормално, а мажите ги збунува.

На социјалната мрежа Редит се отвори дискусија на тема: „Што е она што не сте го знаеле за жените сè додека не почнавте да живеете со некоја жена“. Одговорите на некои од корисниците на мрежата се навистина интересни.

Ви пренесуваме дел од нив:

„Туширањето и миењето на косата се две различни работи...“

„Редовното чистење на тоалетот е многу, многу поважно отколку што претходно си замислував“.

„Колку само пари се потребни за женската нега...“

mislev-deka-vloshkite-se-lepat-kako-flaster-mazhite-otkrivaat-shto-doznale-za-zhenite-duri-otkako-pochnale-da-01.jpeg

„За жените вистински луксуз е да имаат џебови. Неколку години сум во брак и уште не ми е јасно како можат да носат пантолони без џебови“.

„Не ми е јасно како девојката има уште коса на главата... По секое туширање, бањата е полна со влакна насекаде“.

mislev-deka-vloshkite-se-lepat-kako-flaster-mazhite-otkrivaat-shto-doznale-za-zhenite-duri-otkako-pochnale-da-zhiveat-04.jpg

„Воопшто не помислував дека ќе почне да ја носи мојата облека. Маички, џемпери, ниту моите боксерки не се само мои“.

„Таа има само еден добар градник. Затоа, ако планирате да пуштате машина за перење, мора да внимавате каде и како ќе заврши добриот градник“.

mislev-deka-vloshkite-se-lepat-kako-flaster-mazhite-otkrivaat-shto-doznale-za-zhenite-duri-otkako-pochnale-da-zhiveat-05.jpg

„Долна облека за 'оние денови'. Не бев шокиран затоа што немам 12 години, но ја сфаќам логиката - воопшто не е во ред да ја уништиш секси долната облека“.

„Отсекогаш мислев дека хигиенските влошки се како фластер, само ги залепувате и тие собираат сè. Замислете го мојот шок кога дознав дека лепакот оди на другата страна...“

mislev-deka-vloshkite-se-lepat-kako-flaster-mazhite-otkrivaat-shto-doznale-za-zhenite-duri-otkako-pochnale-da-zhiveat-06.jpg

„Обичното чистење на куќата може да премине во целосна реорганизација на домот ако не си внимателен“.

„Цел живот сум перел облека погрешно“.

„Цел живот сум миел садови погрешно“.

mislev-deka-vloshkite-se-lepat-kako-flaster-mazhite-otkrivaat-shto-doznale-za-zhenite-duri-otkako-pochnale-da-07.jpg

„Не е важно колку шноли имаме во домот, секогаш има потреба да се набават уште“.

„Не знаев што значи да имаш сопствен дом“.

 mislev-deka-vloshkite-se-lepat-kako-flaster-mazhite-otkrivaat-shto-doznale-za-zhenite-duri-otkako-pochnale-da-zhiveat-so-08.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело/ фото: pexels.com/ depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Водич за „добри сопруги“ од 1950-та: Не се жалете ако мажот дошол доцна, соблечете му ги чевлите Секогаш имајте подготвена вечера, бидете свежи кога ќе дојде сопругот и поправет...
10 сосема нормални работи за кои мажите не треба да се срамат, низ илустрации И мажите можат да ги следат модните трендови, и мажите можат, но и треба да пома...
9 навики на жените на кои мажите се алергични Дотерување како за на бал за кежуал пригода и уште 8 навики на жените на кои маж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg