Пози што им се усовршени на сите жени кога имаат менструални болки, низ забавни илустрации
Само жените знаат колку мачни можат да бидат менструациите. Проблемот не е само што постојано се чувствувате валкано, што постојано мислите дека ви се изместила влошката или тампонот и што не сте расположени за ништо. Многу попроблематични се менструалните болки кои за некои девојки и жени можат да бидат неподносливи.

Во овие мигови не ни се прави буквално ништо, постојано бараме поудобна положба и не ни останува ништо освен да чекаме болката да стане барем малку поиздржлива.
Во продолжение неколку пози што им се добро познати на сите жени кога имаат менструални болки:
Кога немате ни волја ни енергија да станете од кревет и да се соочите со животот

Кога болката е толку силна, што не ви останува ништо освен да се склопчите на подот

Кога ќе соберете сила да станете од креветот, само за да се префрлите во дневната и цел ден да го поминете на каучот

Кога имате обврски, но на болките не им е грижа, па ви треба миг да се соземете

Кога болката од стомакот ненадејно ќе се префрли на долниот дел од грбот

Кога не сте сигурни дали ви се оди во тоалет или само ве боли стомакот од менструацијата, па си седите на школката

Кога станувате очајни па пробувате да ги ублажите болките со топли облоги

Кога конечно ќе ја најдете положбата во која не чувствувате болка (или e барем поиздржлива), па не сакате да се помрднете

Кога менструацијата конечно ќе заврши, па се чувствувате како да можете да го освоите светот

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пеко...
„На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само ч...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години
Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми ...
31-годишна Британка доживеал вистински кошмар кога нејзин нов колега станал опсе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението)
Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото)
Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит
Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...