„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми упадна дома“
31-годишна Британка доживеал вистински кошмар кога нејзин нов колега станал опседнат со неа, почнал да ја бомбардира со пораки и да ја демне. Иако многупати го пријавувала, полиција изреагирала дури кога упаднал во нејзиниот дом, со шише вино во ранец и кондоми бидејќи планирал да ја силува.

Многу жени најмалку еднаш во животот се чувствувале како безбедноста да им е загрозена од нивниот партнер или маж со кој не ни флертувале.
Проблемот е што кога ја споделуваат нивната загриженост, неретко не се сфатени сериозно, дури ни од надлежните институции.
Во ваква состојба се нашла Грејс Халам од Англија која во 2023-та доживеала вистински кошмар.
По само три средби со нејзин колега, тој почнал да ја демне и да ѝ се заканува. 32-годишната Грејс многупати го пријавувала во полиција, но тие не презеле ништо.
Го уапсиле дури кога безбедносната камера на Грејс го снимила како насилно влегува во нејзиниот дом.
Детали за потресното искуство на Грејс:
Во 2022 година, во фирмата во којашто работела Грејс се вработил Карл Чадс.
Тој период, Грејс вели дека животот ѝ бил совршен – ја имала работата од соништата, си купила стан и ја планирала иднината со нејзиниот дечко Дерил.
На почетокот, новиот колега Карл работел од дома, па Грејс го гледала само на состаноците на Teams и не му обрнувала многу внимание.
Но, во мај 2023-та имала можност да го запознае во живо. Имале состанок и средба со колегите во друг град, па двајцата се враќале со истиот воз кон дома.
„На онлајн состаноците делуваше малку чудно. Со колегите се шегувавме дека или е сериски убиец или девица.
Но, во возот беше навистина пријателски настроен, ми делуваше како сосема нормална личност, па се почувствував лошо што мислев дека е чудак“, раскажува Грејс.
Грејс споделува и како поминал состанокот и дружбата со колегите.
„Со една колешка зборувавме како и двете сме се запознале со нашите дечковци преку апликација за состанување. Карл ни го прекина разговорот и рече дека не користел такви апликации. Изгледаш навистина несреќно.
Но, мислам дека го кажа тоа бидејќи многу зборував за дечко ми Дерил. Тоа што имав дечко не се вклопуваше во неговиот наратив“.
Шест дена по состанокот, Карл ѝ го побарал телефонскиот број на Грејс. Ѝ рекол дека немал пристап до Teams, па му требал бројот за да комуницираат. Грејс претпоставила дека им го побарал бројот и на другите колеги, па му го дала.
Но, следниот ден, Карл почнал да ја бомбардира со пораки кои биле и вознемирувачки. Ѝ кажувал дека е многу убава и ја терал да му раскине на дечкото.
Грејс пробала да го „откачи“ културно и му напишала:
„Ги ценам твоите комплименти, но ние сме колеги. Јас сум лојална девојка (на мојот дечко)“.
Но, веднаш потоа пораките на Карл почнале да стануваат и заканувачки. Ѝ рекол дека таа флертувала со него и го лажела дека сака нешто со него. Ја обвинувал и дека лаже дека има дечко.
„Како што почна да ми се заканува, почнав да се плашам. Си помислив дека ќе дојде кај мене дома, ќе ме силува.
Па, помислив дека треба да одам во полиција. Дека не треба да комуницирам со него. Од тој момент, почнав да живеам во кошмар“.
Следниот ден Грејс отишла во полиција, но таму ѝ рекле дека не можат да направат ништо, сè додека таа не му рече да не ја контактира. Грејс го направила тоа – побарала од Карл да престане да ѝ пишува.
Грејс се пожалила и кај нејзиниот менаџер и тогаш дознала дека Карл им кажувал на колегите дека спие со неа.
Сепак, надредените ѝ излегле во пресрет, почнале да истражуваат, но Карл веројатно се исплашил па самиот дал отказ.
И, продолжил да ѝ пишува пораки на Грејс.
