„Колега беше опседнат со мене – ме следеше, ми се закануваше, а полицијата изреагира дури откако ми упадна дома“
Во период од две недели, Карл ѝ испратил 27 пораки на телефонот, низа пораки на LinkedIn, 5 мејлови и 10 говорни пораки на Грејс.
Многупати и ѝ заѕвонел.
„Ги следев инструкциите на полицијата и му реков: ’Не ме контактирај или ќе те пријавам‘. Но, тој продолжи.
Секој ден праќав мејлови до полицијата бидејќи веќе знаев дека сум соочена со луд маж кој е опседнат со мене. Ми беше страв дека ќе ме најде, ќе ме киднапира, ќе ме силува… или полошо“.
На 9-ти ноември, Грејс сфатила дека Карл ја дознал и нејзината адреса на живеење.
„Добив пратка од курир. Пратката имаше украс од Alexander McQueen со череп и рачно напишана порака. Дома имам многу уметнички дела со черепи, па ми стана јасно дека ме има гледано низ прозорците.
Писмото беше навистина морничаво. Пишуваше: ’Во животот најмногу жалам за тоа што веќе не зборуваш со мене‘“.
Тој период Грејс живеела сама, но по „подарокот“ од Карл, дечко ѝ се вселил во нејзината куќа. Инсталирале и камера на ѕвончето на предната врата.
На 1-ви декември, Карл ѝ испратил уште еден „подарок“ на Грејс – букет со порака во која ја молел да не му се лути.
Ѝ напишал дека ја сакал, дека мислел на неа постојано и ја моли да му се јави.
Грејс повторно отишла во полиција и побарала забрана за приближување. Но, оттаму ја одбиле бидејќи однесувањето на Карл не се класифицирало како семејно насилство.
Ситуацијата ескалирала на 17-ти декември, кога Карл постојано ѝ ѕвонел на Грејс и на крај дечко ѝ Дерил решил да одговори.
Но, Карл почнала да му се заканува дека ќе го убие и дека ќе ја силува Грејс пред него.
Грејс повторно побарал помош од полицијата, но тие не презеле ништо. Па, со Дерил решиле дека е најдобро да одат во неговиот стан бидејќи Карл не знае каде живее.
И, оваа одлука можеби ги спасила бидејќи истата вечер, Карл се појавил пред домот на Грејс.
Почнал силно да тропа на вратата и на крај скршил прозорец за да влезе внатре. Го уништил целиот тоалет и ѝ го украл дневникот на Грејс.
Бидејќи дневникот ѝ бил скриен во кујнското шкафче, Грејс сфатила дека Карл честопати ја гледал.
Наводно сосед на Греј повикал полиција, но Карл веќе бил заминат.
Но, во 3 по полноќ, Карл повторно се вратил кај Грејс, ја скршил камерата на ѕвончето и ја оштетил влезната врата.
Дерил се упатил кон нејзиниот стан и тогаш затекнал неколку полициски возила и полицајци кои го уапсиле Карл.
Со себе носел ранец со шише вино и седум кондоми.
Бидејќи Карл не признал вина, Грејс морала да се соочи со него и на суд. Карл бил прогласен за виновен и добил 8-годишна затворска казна, додека полицијата признала дека не се справила со пријавите соодветно и се извинила.
Сепак, Грејс вели дека извинувањето не ѝ значи ништо, бидејќи уште има трауми, но пробува да продолжи со својот живот.
Спирова С. | Црнобело