Не сте единствените - зошто луѓето се „зависни“ од озборување?

Генерално, озборувањето е ширење непроверени факти за некоја личност и нема личност која не озборува. Но, не секое озборување е лошо и некогаш си има свои предности во зависност од нашата намера.

shto-pretstavuva-ozboruvanjeto-i-zoshto-voopshto-sakame-da-ozboruvame-01.jpg

Озборувањето е всушност коментирање и зборување за некоја личност и обично вклучува детали кои не значи дека се вистинити.

Со други зборови, озборувањето може да биде ширење невистини за некоја личност, кои некогаш можат да имаат лоши последици.

Буквално сите озборуваат, но тоа не значи дека сите имаат лоша намера.

Всушност, постојат неколку разни причини зошто луѓето озборуваат:

Адаптирање во нова група. Бидејќи ние сме социјални битија, од голема важност ни е каква перцепција имаат другите за нас. Некогаш озборувањето им помага на луѓето да го зајакнат односот со нови или веќе постоечки пријатели, колеги и слично.

Чувство на припадност. Кога некој зборува за некој друг, најверојатно и верува во тоа што го зборува, без разлика дали е точно или не. Кога повеќе луѓе се вклучат во озборувањето, тогаш сите го делат истото мислење и имаат некое чувство на припадност.

Споделување информации кои не би ги кажале директно. Кога некој ќе слушне непријатна вест за личност што ја знае, нема да ѝ биде лесно директно да ѝ го каже тоа. Но, бидејќи луѓето сепак се љубопитни, можно е да ја спомнат непријатната вест пред некој друг, односно да ја озборуваат таа личност.

shto-pretstavuva-ozboruvanjeto-i-zoshto-voopshto-sakame-da-ozboruvame-03.jpg

Некогаш озборувањето може да биде и позитивно

Не секое озборување е негативно и некогаш со озборувањето се споделуваат важни, корисни информации.

Ако, на пример, се соочувате со проблем со некоја блиска личност, озборувањето на таа личност со цел да најдете решение е всушност со добра намера.

Дискутирањето на проблемот со некоја трета личност ќе ви даде нова перспектива и ќе ви помогне полесно да дојдете до решение.

shto-pretstavuva-ozboruvanjeto-i-zoshto-voopshto-sakame-da-ozboruvame-05.jpg

Одлики на „лошите“ озборувачи

Но сепак, некои луѓе озборуваат само поради желбата да шират невистини за другите и, генерално, да си го „наполнат“ своето его.

Според некои психолози, постојат неколку карактеристики кои се својствени за овие луѓе:

Свесни се дека немаат самодоверба. Овие луѓе не можат да се соочат со личноста којашто ја озборуваат, па почнуваат да шират гласини за неа.

Веруваат дека озборувањето им дава моќ. Тие сметаат дека штом знаат нешто „сочно“ за некој друг, тогаш имаат некаква моќ над него.

Сакаат да ги повредуваат другите. Страсните озборувачи се свесни за штетата што можат да ја нанесат со ширењето лаги, а ова дополнителни ги поттикнува да озборуваат. Ова донекаде се совпаѓа со правата карактеристика – немаат храброст и самодоверба да се соочат со некој, па мислат дека можат да го уништат со озборување.

shto-pretstavuva-ozboruvanjeto-i-zoshto-voopshto-sakame-da-ozboruvame-04.jpg

Како да го избегнете лошото озборување?

Како што напоменавме, сите луѓе озборуваат, но ваша задача е да се потрудите да не озборувате со лоша намера.

Имајте позитивна перспектива. Наместо да се фокусирате на лошите гласини за некоја личност, пробајте да ја видите нејзината добра страна.

Престанете со разговорот. Ако некој почне да озборува пред вас, не сте должни да го слушате. Па, слободно престанете со разговорот.

Кажете му на соговорникот дека не сакате да озборувате. Ако забележите дека некој озборува, можете и да му кажете дека не сте заинтересирани за непроверени детали од нечиј живот.

Претворете го озборувањето во добро. Помогнете му на озборувачот да сфати дека ширењето лаги не е добро и натерајте го да сфати дека она што го зборува можеби не е вистина. 

shto-pretstavuva-ozboruvanjeto-i-zoshto-voopshto-sakame-da-ozboruvame-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg