Немам пријатели – што да правам?

Можеби сте забележале дека како деца сите многу полесно склопувавме пријателства.

nemam-prijateli-sto-da-pravam-01.jpg

Но, како што пораснавме, кругот на пријатели драстично се намали.

За повеќето од луѓето и склопувањето на пријателства е многу потешко во одредена фаза од животот.

Причини зошто немате пријатели:

Срамежливост. Можеби ви е тешко да започнете да разговарате со луѓе кои не ги познавате.

Имате социјална анксиозност. Ова е чувство на интензивен страв во одредени гужви и ситуации.

Многу се движите. Може да биде предизвикувачки ако постојано се движите од една во друга група на луѓе.

Осамени сте. Тоа што сте интроверт не значи дека треба да ја прифатите осаменоста.

Не знаете каде да ги барате. Можеби тоа што немате доволни прилики да запознаете нови луѓе е вашата кочница.

Премногу се трудите. Тоа што ставате преголем притисок дека со секого мора да бидете пријатели, ви ги нарушува обидите.

Не им давате приоритет на пријателите. Никој не сака да биде ставен на последно место, па контактите се проретчуваат.

Пријателствата ви се површни. Познавате многу луѓе, но никогаш не сте се потрудиле подлабоко да ги запознаете.

Животот ви е доволно полн. Можеби сте презафатени со работа, обрски, семејство, школо и други, слични активности кои не ви оставаат простор за нови луѓе.

nemam-prijateli-sto-da-pravam-02.jpg

Како да стекнете нови пријатели?

Не се плашете да запознаете нови луѓе и преземете го првиот чекор. Искористете ја секоја прилика за интеракција.

Не се плашете од одбивање. Сосема е нормално да не се поврзете со секоја личност со која ќе се запознаете.

Пронајдете луѓе кои имаат слични интереси. Размислете што сакате да правите кога би биле со пријателите и трудете се околу луѓето кои имаат слични интереси.

Претворете ги познаниците во пријатели. Доволно е одвреме навреме да потегнете иницијатива за разговор и кафе, без да ви треба или да им нудите нешто.

Работете на својата срамежливост и социјална анксиозност.

Бидете со отворен ум. Тоа што ќе запознаете комплетно поинаква личност од вас, не значи дека нема да најдете нешто возбудливо во неа.

Бидете пријателски настроени. Насмејте се, кажете здраво и поздравете се учтиво.

Давајте комплименти. Ова е наједноставниот рецепт да им се допаднете на луѓето.

Не бидете премногу напорни. Не дозволувајте да ги гушите другите.

nemam-prijateli-sto-da-pravam-03.jpg

Како да ги задржите пријателствата кои ги склопувате?

Закажете си време кое ќе си го посветите едни на други. Тоа не значи дека мора да сте заедно 24 часа, но едноставно направете распоред. Секако, не ги ставајте најдолу на листата на приоритети.

Останете во контакт, дури и телефонски, кога не можете физички. Распрашајте ги како им поминал денот, неделата, месецот, што возбудливо им се случило и покажете интерес.

Бидете добар пријател. Не извисувајте. Не давајте лажни ветувања. Не озборувајте зад грб. Слушајте ги луѓето кога зборуваат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...

Најчитани неделава