Хипонотизирачка убавина, живот исполнет со мистерија и гласини за афери – Омилената манекенка на Коко Шанел
Во раните 60-ти, Арно се обидела да основа сопствен бренд за облека, но безуспешно. Кога Арно си заминала од модната куќа Шанел, Коко беше неутешна. Таа веќе имала 80 години и според сведоците, само Мари-Елен ја доживувала како достоен наследник. Но, после овој „чин на предавство“, Коко не кажала ниту еден добар збор за Мари-Елен. Таа пак го нарекла нејзиниот чекор „спас на модната империја Шанел“, бидејќи долго време работела без задоволство. „Никогаш не мислев дека можам да ја заменам Коко“.
Во овој временски период, Мари-Елен се испробала во актерските води. Во текот на нејзината кратка филмска кариера, која траела 8 години, таа одиграла само 5 улоги. Најзапаметена од нив била улогата во култниот Fantômas.
Името на Мари-Елен се врзувало со голем број на мажи, а таа била „виновникот“ и за многу сензационалистички наслови и бројни скандали поради аферите со најпознатите и највлијателните мажи во Франција.
Судбината на Мари-Елен е прилично тажна, и покрај сета убавина и гламур. Без Коко, се покажало дека таа не може да освои нови височини. Нејзиниот сопствен дизајнерски бизнис пропаднал, и никогаш повеќе не се појавила на филмското платно.
Повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Сепак, Мари-Елен оставила неверојатна трага во светот на модата и култната куќа на Шанел. А фотките доволно зборуваат каков магнетизам поседувала миленичката на Коко:
-->
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото)
Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика...
„Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...

Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници
Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард
Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта
Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе
Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...