8 затвори со најсилно обезбедување од кои бегството е практично невозможно

Во срцето на Париз се наоѓа затворот La Santé, но и покрај локацијата, затворот е направен како тврдина, па бегството е невозможно. Порано овде се извршувале и егзекуции со гилотина.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-01.jpg

Затворањето на криминалците е можеби една од најстарите казни, а затворите постојат уште од формирањето на првите држави.

Додека порано затворските ќелии биле само за да се затворат криминалците, денес се гледаат и како еден вид рехабилитација. Всушност, уште дрвените грчки филозофи како Платон дискутирале за користењето на затворите како поправни установи, наместо само како место за затворање.

Оттогаш до денес затворите имаат претрпено многу промени, но уште се соочуваат со ризикот од бегство на затворениците. Сите затвори имаат обезбедување, но некои навистина се истакнуваат над другите.

Затвори ширум светот од кои бегството е невозможно:

ADX Florence, САД

Затворот ADX Florence се наоѓа во Колорадо, САД и работи од 1994 година. Ова е затвор со максимално обезбедување, наменет за затвореници кои се склони кон најекстремното насилство кон другите затвореници и вработените во затворот.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-02.jpg

Моментално (2021 година) во затворот има околу 330 затвореници кои се сместени во посебни ќелии направени од армиран бетон. Ќелиите се дизајнирани на тој начин што затворениците не можат да се самоповредат или да извршат самоубиство, а и немаат како да избегаат.

Тие се затворени во ќелиите 23 часа дневно и постојано се набљудувани со камери.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-03.jpg

Алкатраз, САД

Алкатраз во Сан Франциско е можеби најпознатиот затвор во светот и на сите им е добро познат фактот дека бегството било невозможно.

Порано имало неколку обиди за бегство, но затворениците умреле. На неколку не им е најдена никаква трага, но експертите сметаат дека веројатно и тие умреле за време на бегството.

Затворот, кој е изграден на островот Алкатраз во Сан Франциско, работел од 1934 година сè до 1963-та. Своевремено, се сметал за најдобро обезбеден во светот најмногу поради локацијата на островот – водата е многу студена, а силните струи го прават пливањето до другиот брег многу тешко.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-04.jpg

Затворот има четири главни блокови, а ќелиите се многу мали – 2,7×1,5 метри – и не нуделе никаква приватност. Кога затворот бил во функција, во ќелиите имало кревет, биро, мијалник и тоалетна школка.

Едниот блок бил наменет само за најлошите затвореници, а шест ќелии од блокот биле нарекувани „Дупка“. Имено, кога затворениците биле казнувани, ги затворале во тие ќелии каде што условите биле многу полоши.

Денес затворот работи како музеј и е една од најпосетените туристички атракции во Сан Франциско.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-05.jpg

La Santé, Франција

Овој затвор е сместен во Париз и работи уште од 1867 година.

Иако се наоѓа во срцето на главниот град, затворот е толку добро обезбеден што бегството е невозможно.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-06.jpg

Затворот има капацитет за 2.000 затвореници, распоредени во 14 блокови. Ќелиите се поголеми од оние во Алкатраз – околу 4 метри долги и 2,5 широки. Порано во затворот имало и егзекуции со помош на гилотина – некогаш во дворот, некогаш внатре.

До 2000 година затворениците биле распоредувани според нивното потекло – од Западна Европа во блок А, од Африка во блок Б…

Затворот има и „V.I.P.“ ќелии, каде што се затвораат истакнати личности кои го прекршиле законот.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-07.jpg

Arthur Road Jail, Индија

Познат и како Mumbai Central Prison, ова е најголемиот и најстариот затвор во Мумбај, Индија, а работи од 1926 година.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-08.jpg

Во затворот има место за 800 затвореници, но просечниот број е околу 2.900. Ова значи дека условите во коишто живеат затворениците се ужасни не само поради немањето простор, туку и поради хигиената и ширењето болести.

Затворот е познат и за екстремното насилство помеѓу затвореничките банди.

Покрај ужасните услови и насилството, затворот е направен како непробојна тврдина и наводно ниту еден затвореник нема пробано да избега досега.

8-zatvori-so-najsilno-obezbeduvanje-od-koi-begstvoto-e-praktichno-nevozmozhno-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Болести, убиства и канибализам: Како изгледа животот во најопасните затвори во светот? Некои извори тврдат дека затворениците во затворот Gitarama, Руанда, почнале да ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg