Затвореник кој се преправил во неговата ќерка и уште 5 обиди за бегство од затвор кои завршиле лошо

Двајца затвореници од Бразил решиле да се обидат да избегаат така што се преправиле во ѓубре. Односно, по ручекот влегле во големи вреќи и застанале до останатиот отпад, надевајќи се дека ќе бидат исфрлени надвор. Нормално, планот им пропаднал.

zatvorenik-koj-se-prepravil-vo-negovata-kjerka-i-ushte-5-obidi-za-begstvo-od-zatvor-koi-zavrshile-losho-01.jpg

Потребна е храброст да пробате да избегате од затвор, но кога некој е осуден на неколку децении, па и целиот живот, не е воопшто чудно што ќе почне да размислува за бегство.

Но покрај храброста, потребен е и навистина генијален план за бегање од затвор, особено ако станува збор за установа со максимално обезбедување.

Додека некои луѓе навистина успеале да побегнат и да се скријат од властите, други ја немале таа среќа. Некои, едноставно, направиле мали пропусти, но некои имале навистина бизарни идеи за кои е јасно дека никогаш не би функционирале.

Неколку обиди за бегство од затвор кои завршиле лошо:

Ричард Мат и Дејвид Свет

Ричард Мат и Дејвид Свет биле затворени за убиства во затворот Clinton Correctional Facility во САД кој е со максимално обезбедување. На 6-ти јуни 2015 година, тогаш 48-годишноит Ричард и 34-годшниот Дејвид успеале да избегаат од затворот.

Нивното бегство неретко се споредува со The Shawshank Redemption – исто како во филмот, затворениците ископале тунел во ѕидот од нивната ќелија кој водел до голема цевка за канализација, па оттаму избегале.

За разлика од хероите во филмот, Ричард и Дејвид биле фатени само неколку недели подоцна. Ричард бил застрелан и убиен, додека на Дејвид му ја зголемиле казната и наводно го натерале да плати за штетата што ја предизвикале со бегството.

zatvorenik-koj-se-prepravil-vo-negovata-kjerka-i-ushte-5-obidi-za-begstvo-od-zatvor-koi-zavrshile-losho-02.jpg

Џон Дилинџер

Џон Дилинџер е еден од попознатите гангстери од САД и бил затворен неколкупати поради ограбување банки, па дури и полициски станици. Гангстерот е познат и по тоа што двапати успеал да избега од затвор, а второто бегство го чинело живот.

За второто бегство во 1934 година, Џон почнал да им се заканува на чуварите со пиштол. Бидејќи тие не знаеле дека станува збор за лажен пиштол, практично го пуштиле да си замине и ниту еднаш не се посомневале во веродостојноста на неговото оружје.

Постојат неколку теории за тоа од каде Џон го набавил пиштолот. Некои велат дека самиот го направил од метални делови во неговата ќелија, а други тврдат дека некој му го донел.

3-4 месеци Џон бил на слобода, но кога полицијата го фатила, решиле да го застрелаат на самото место бидејќи им било страв дека повторно ќе избега ако го стават во затвор.

zatvorenik-koj-se-prepravil-vo-negovata-kjerka-i-ushte-5-obidi-za-begstvo-od-zatvor-koi-zavrshile-losho-03.jpg

Кенет Бурнум

На прв оглед, идејата на Кенет звучи генијално, но самиот испуштил многу важен детаљ.

Во 2013 година, Кенет, кој бил затворен во затвор во Тенеси, решил да си го замени местото со затвореник кој требало да биде пуштен на слобода.

Кога стражарите го извикала името на другиот затвореник, Кенет самоуверено истапил напред, ја пополнил потребната документација и речиси излегол од установата.

Но, пред самиот излез стражарите го воочиле пропустот на Кенет – затвореникот што требало да го ослободат бил Афроамериканец, додека Кенет имал бела кожа.

Нормално, веднаш го вратиле во ќелијата, а дури и му ја зголемиле казната.

zatvorenik-koj-se-prepravil-vo-negovata-kjerka-i-ushte-5-obidi-za-begstvo-od-zatvor-koi-zavrshile-losho-04.jpg

Џејмс Едвард Расел

Во 2011 година, Џејмс Едвард Расел среде ноќ успеал да избега од затвор во Вашингтон. Успешно ги избегнал сите стражари и се упатил кон шумата во близина на затворот.

По извесно време, Џејмс забележал колиба во шумата, па тропнал на вратата со надеж дека ќе добие помош.

Сопственикот му отворил, но на големо изненадување на Џејмс кој уште ја носел затворската униформа, мажот бил чувар во затворот.

Џејмс побегнал, но чуварот веднаш го пријавил случајот и затвореникот бил фатен следното утро.

zatvorenik-koj-se-prepravil-vo-negovata-kjerka-i-ushte-5-obidi-za-begstvo-od-zatvor-koi-zavrshile-losho-05.jpg

Сиднеј да Круз и Карлос Переира

Сиднеј и Карлос добиле „генијална“ идеја за бегство од затворот во Бразил каде што биле затворени – по ручекот, влегле во големи вреќи, застанале до ѓубрето и се надевале дека ќе бидат фрлени надвор.

Но, еден стражар веднаш помислил дека нешто не е во ред откако забележал дека двете вреќи мрдаат. Најпрво помислил дека е стаорец, но сигурно бил изненаден кога сфатил дека се затвореници.

Наводно, најголемата мистерија во целиот настан била како Карлос и Сиднеј успеале да ги заврзат вреќите однатре.

zatvorenik-koj-se-prepravil-vo-negovata-kjerka-i-ushte-5-obidi-za-begstvo-od-zatvor-koi-zavrshile-losho-06.jpg

Клаувино Да Силва

И Клаувино добил идеја да се преправа за да избега од затвор, но наместо во вреќа ѓубре, тој се преправил во неговата ќерка.

Клаувино бил озлогласен лидер на банда во Бразил и отслужувал 73-годишна казна затвор. Не е познато кој, но се верува дека неговата 19-годишна ќерка му донела маска, перика и дел од нејзината облека. Се верува и дека Клаувино планирал да ја остави ќерката во ќелијата додека бега од затворот.

Штом се преправил, тој почнал да се движи кон излезот, но еден стражар забележал дека се однесува чудно, па му рекле да застане, по што го фатиле.

zatvorenik-koj-se-prepravil-vo-negovata-kjerka-i-ushte-5-obidi-za-begstvo-od-zatvor-koi-zavrshile-losho-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg