7 митови за преживување поради кои можете да си наштетите на здравјето

Мит: Ако останете без вода на место со снег, јадете снег. Зошто е погрешно? Со ова ќе ја намалите телесната температура на и онака студено место. Наместо тоа, растопете го, па испијте ја водата.

7-mitovi-za-prezhivuvanje-poradi-koi-mozhete-da-si-nashtetite-na-zdravjeto-01.jpg

Без разлика дали сте авантурист кој редовно ја истражува природата или само сте загрижени дека некогаш ќе се најдете во непогодна ситуација без некој што ќе ви помогне, секогаш е добро да знаете некои основни трикови за преживување.

Но, голем дел од овие трикови не се најточни и во некои ситуации можат да ви предизвикаат и поголема штета.

Кои митови за преживување можат да ви наштетат?

Мит 1: Можете да го исцицате отровот ако ве касне змија

Ако ве касне отровна змија, немојте никако да пробувате да го исцицате отровот. Иако ова е доста популарен „совет“ експертите предупредуваат да не го пробувате.

Покрај тоа што најверојатно нема да постигнете ништо ефикасно, постои и опасност да го голтнете отровот, а никогаш не знаете какви последици може да има од тоа.

Наместо тоа веднаш повикајте помош. Истовремено, обрнете внимание на изгледот на змијата за професионалците да можат да одредат со каков отров се справуваат.

mozhete-da-se-orientirate-spored-movta-na-drvjata-i-ushte-6-mitovi-za-prezhivuvanje-koi-mozhat-da-vi-nashtetat-02.jpg

Мит 2: Ако се изгубите во природа, прво морате да најдете храна

Ако се најдете во ваква ситуација, многу поважно е да најдете вода за пиење.

Причината за ова е очигледна – без храна, човекот може да издржи повеќе од една недела, но без вода нема да издржи подолго од три дена.

mozhete-da-se-orientirate-spored-movta-na-drvjata-i-ushte-6-mitovi-za-prezhivuvanje-koi-mozhat-da-vi-nashtetat-03.jpg

Мит. 3: Можете да се ориентирате според мовта на дрвјата

Иако сите сме слушнале дека мовта расте на северната страна на дрвјата и со тоа може да ни помогне да се ориентираме, ова не е точно.

На северната хемисфера, мовта настојува да расте на северната страна, а на јужната хемисфера – на јужната страна.

Но, мовта може да порасне и на која било друга страна, што значи не можете да бидете потполно сигурни која страна е север.

mozhete-da-se-orientirate-spored-movta-na-drvjata-i-ushte-6-mitovi-za-prezhivuvanje-koi-mozhat-da-vi-nashtetat-04.jpg

Мит 4: Ако имате смрзнатини, триењето ќе ви биде од помош

Ако имате смрзнатини на рацете или кој било дел од телото, никако немојте да се триете за да се стоплите бидејќи можете дополнително да го оштетите ткивото. Во идеални услови, најдобро е медицинско лице да се погрижи за смрзнатините, но можете и сами да преземете нешто додека да најдете помош.

Ако сте во можност, седнете на потопло место. Нежно тргнете ги влажните нараквици или облека што го покрива смрзнатиот дел и заменете ги со суви за да го спречите дополнителното губење топлина.

Загрејте се со ќебе или повеќе слоеви облека и седнете во близина на грејно тело или оган, но не преблиску за да не се изгорите.

Кога ќе ги стоплувате смрзнатите делови, бидете особено внимателни. Ако користите топла вода, внимавајте да биде топла, а не врела, бидејќи можете да си направите изгореници.

Ако имате смрзнатини на раката или ногата, внимателно ставете ја во садот со топла вода и држете ја 30-тина минути или додека движењето не ви стане полесно. 

Потоа нежно заврзете ја со газа, притоа одделувајќи ги прстите и побарајте професионална помош што е можно побрзо.

mozhete-da-se-orientirate-spored-movta-na-drvjata-i-ushte-6-mitovi-za-prezhivuvanje-koi-mozhat-da-vi-nashtetat-05.jpg

Мит 5: Можете да се спасите од ајкула ако ја удрите во носот

Тешко дека некогаш ќе се соочите со ајкула, но добро би било да знаете што можете да направите во ваква ситуација.

За разлика од носот, жабрите и очите на ајкулата се многу почувствителни делови, па ударот во нив ќе биде многу поефикасен.

mozhete-da-se-orientirate-spored-movta-na-drvjata-i-ushte-6-mitovi-za-prezhivuvanje-koi-mozhat-da-vi-nashtetat-06.jpg

Мит 6: Треба да пливате ако ве одвлече водна струја

Ако се најдете во ваква ситуација, важно е да знаете дека водната струја нема да ве потопи, туку ќе ве движи по површината на водата. Затоа, не се обидувајте да пливате спротивно на неа бидејќи само ќе се изморите и ќе ви биде тешко да се одржувате над вода.

Наместо тоа пробајте да се релаксирате и кренете ја раката за некој на брегот да сфати дека ви треба помош.

Ако никој не ве гледа, обрнете внимание кон каде ве движи струјата и пробајте полека да се придвижите во истата насока, само дијагонално. Кога ќе успеете да излезете од струјата, само испливајте до брегот.

mozhete-da-se-orientirate-spored-movta-na-drvjata-i-ushte-6-mitovi-za-prezhivuvanje-koi-mozhat-da-vi-nashtetat-07.jpg

Мит 7: Можете да јадете снег ако останете без вода

Иако ова звучи логично, најдобро стопете го снегот, па испијте ја водата од него.

Штом сте на место каде што има снег, значи времето е студено и на вашето тело веќе му е тешко да ја одржи оптималната температура. Кога ќе изедете снег, телото ќе мора да го стопи снегот и со тоа ќе изгуби дел од топлината.

Што значи, за да избегнете хипотермија, растопете го снегот.

Имајте на ум и ако сте на позагадено место, водата од снегот може да не биде најбезбедниот избор. Во овој случај осигурете се дека снегот е чисто бел.

mozhete-da-se-orientirate-spored-movta-na-drvjata-i-ushte-6-mitovi-za-prezhivuvanje-koi-mozhat-da-vi-nashtetat-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg