Со измама победи во „Кој сака да биде милионер“, но беше осуден на затвор – Кој е Чарлс Инграм?

Сопругата и уште еден учесник му помогнале точно да одговори на сите 15 прашања во квизот „Кој сака да биде милионер?“. Откако неговата измама била откриена, морал да помине 18 месеци во затвор и да плати парична казна. Кој е Чарлс Инграм и како победи во квизот?

so-izmama-pobedi-vo-koj-saka-da-bide-milioner-no-beshe-osuden-na-zatvor-koj-e-charls-ingram-01.jpg

Своевремено квизот „Кој сака да биде милионер?“ го освои светот, а се емитуваше и кај нас во Македонија.

Приказната за поранешниот воен мајор Чарлс Инграм од Англија нè враќа во далечната 2001-ва година кога тој со помош на сопругата направи измама и за малку ќе добиеше милион британски фунти.

so-izmama-pobedi-vo-koj-saka-da-bide-milioner-no-beshe-osuden-na-02.jpg

Чарлс Инграм бил поранешен воен мајор кој по струка е инженер со мастер диплома од областа на корпоративниот менаџмент.

За време на војната во Босна, тој бил распореден таму заедно со мировниот корпус, а поради скандалот на познатото квиз-шоу во 2003-та година морал да ја напушти Армијата, по 17 години работен стаж.

so-izmama-pobedi-vo-koj-saka-da-bide-milioner-no-beshe-osuden-na-03.jpg

Во 2001-вата година публиката остана без зборови кога Чарлс Инграм одговори точно на 15-те прашања во квизот, што беше вистинска реткост, а веднаш предизвика сомнежи кај присутните во студиото.

По повторно прегледување на снимките било утврдено дека Инграм додека одговарал имал пријатели во студиото што му помагале да одговори точно на прашањата.

so-izmama-pobedi-vo-koj-saka-da-bide-milioner-no-beshe-osuden-na-06.jpg

Неговата сопруга Дијана и Теквен Виток, кој исто така се натпреварувал во квизот, му давале сигнали на мајорот за тоа кој е точниот одговор.

Виток, кој работел како лектор на колеџот во Кардиф, Англија кашлал гласно за да му укаже на Инграм дека го дава точниот одговор, а го дувал носот за погрешен одговор.

Се верува дека тој во најголем дел ги знаел самиот точните одговори, затоа што имал големо искуство со претходни учества во квизови, а како „пријател“ што помагал со одговорите се јавувала и сопругата на Чарлс, Дијана.

so-izmama-pobedi-vo-koj-saka-da-bide-milioner-no-beshe-osuden-na-05.jpg

Освен ваквите знаци, според организаторите, Инграм се користел и со пејџер и мобилен телефон.

Во видео снимката било забележано дека Виток се искашлал рекордни 192 пати за време на шоуто, а тој тврдел дека целиот свој живот има проблеми со кашлицата.

За измамата направена во квизот затворски казни заработиле сите тројца: Дијана и Чарлс Инграм биле осудени на 18 месеци затворска казна и две години условно, а Виток добил 12-месечна затворска казна и 2 години условна казна.

so-izmama-pobedi-vo-koj-saka-da-bide-milioner-no-beshe-osuden-na-08.jpg

Освен затворската казна, Чарлс требало да плати казна од 25.000 британски фунти, што подоцна биле намалени на само 5.000 фунти.

Откако добил отказ во Армијата, тој и неговата сопруга водат мирен живот и продаваат рачно изработен накит на тезга.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава