„Бев вљубена во братучедот на сопругот“ – најлудите тајни што луѓето ги кријат од нивните партнери

„Му немам кажано на сопругот дека навистина ги мразам неговите три деца од претходниот брак. Не можам да ги поднесам“.

bev-vljubena-vo-bratuchedot-na-soprugot-najludite-tajni-shto-lugjeto-gi-krijat-od-nivnite-partneri-01.jpg

Секоја личност си има свои тајни што не сака да ги сподели со другите, дури ни со партнерот.

Но, дури и партнерот да ги открие, обично овие тајни нема да ја разнишаат довербата во врската или да предизвикаат сериозна штета.

Но, постојат и луѓе кои чуваат навистина големи тајни од нивните партнери и сопружници, кои доколку бидат откриени можат да значат и крај на врската.

Можеби најчестите вакви тајни се поврзани со афери и неверства, но луѓето кријат и други навистина луди работи од нивните партнери.

За BuzzFeed, неколку луѓе ги споделиле нивните тајни, а во продолжение погледнете дел од најлудите:

„Партнерката најде картичка за запросување во мојот автомобил и мислеше дека е за неа. Но, картичката е наменета за друга жена со која се гледам три години“.

„На 18-годишна возраст позирав за Плејбој и со години го криев тоа од сопругот. Еден ден, конечно му кажав и воопшто не му пречеше“.

„Никогаш му немам кажано на сопругот дека навистина ги мразам неговите три деца од претходниот брак. Ги презирам од моментот кога ги сретнав. Не можам да ги поднесам. Воопшто не се како него“.

„Имам двоен живот. Живеам во две држави, имам две различни куќи, две различни имиња и две работни места (едното е измислено). Имам дури и две различни групи пријатели. Го правам ова пет години и никој не знае. Искрено, изморен сум и да, јасно ми е дека сум кретен“.

bev-vljubena-vo-bratuchedot-na-soprugot-najludite-tajni-shto-lugjeto-gi-krijat-od-nivnite-partneri-03_630x330.jpg

„Го исплатив долгот за факултет снимајќи филмови за возрасни зад грбот на сопругата“.

„Имав секс со сите три сестри на сопругата и таа уште не знае за тоа. Исто така, имам тајно дете со најстарата сестра. Сопругата ќе ме убие ако некогаш дознае“.

„Мајката на моја пријателка освои 4,5 милиони долари на лотарија и не му кажуваше на сопругот речиси две години. Тој постојано работеше, а таа беше одговорна за средување на финансиите.

Еден ден само отиде кај него на работа, му кажа дека добила лотарија и дека сите нивни долгови се исплатени, па дека можат да се пензионираат. Сега се најсреќниот пар што сум го видела“.

„Бев вљубена во братучедот на сопругот. Се гледав со него сè додека не ми кажа дека сака да бидеме само пријатели. Околу еден месец подоцна почнав сериозна врска со сопругот и сега сме во среќен брак. Но, уште мислам на неговиот братучед и што би можело да се случи со нас“.

bev-vljubena-vo-bratuchedot-na-soprugot-najludite-tajni-shto-lugjeto-gi-krijat-od-nivnite-partneri-02.jpg

„Порано бев во брак и се разведов, но сопругот мисли дека со него ми е првиот брак. Бев многу млада кога првпат се венчав и бракот траеше само две години. Лажев за ова дури и на брачниот сертификат. Ова е тајна што ќе ја однесам во гроб“.

„Сопругот не знае дека имам силиконски инјекции во задникот“.

„Сопругот мисли дека дипломирав, но се отпишав од факултет во последниот семестар. Ова беше пред неколку години и уште му немам кажано“.

„Шефот ме навлече на онлајн коцкање. Многу брзо изгубив над 500 долари и уште му немам кажано на сопругот за ова“.

bev-vljubena-vo-bratuchedot-na-soprugot-najludite-tajni-shto-lugjeto-gi-krijat-od-nivnite-partneri-04.jpg

„Во период од шест месеци крадев од продавници. Не бев во најдобра состојба и едноставно не можев да престанам. Еднаш ме фати обезбедување, но за среќа ме пуштија.

Можеше да биде многу полошо. На сопругот нема да му се допаѓа оваа информација, па никогаш нема да му кажам“.

„Мојата најголема тајна е дека останувам во брак од финансиски причини. Заедно сме 15 години, а во брак сме 6.

Сопругот не знае како да се грижи за себе и не заработува доволно за да се издржува сам. Јас ги плаќам сите сметки и се грижам за сè. Исто така имам и афера со негов пријател“.

„Сопругот мисли дека сум имала 18 сексуални партнери, но во реалноста имам околу 80. Никогаш не сум изневерувала и секогаш користам заштита, но само многу уживам во сексот“.

„Во брак сум седум години и го лажирам буквално секој оргазам со сопругот. Му имам кажано и дека не сакам орален секс поради оштетување на нервите само затоа што е многу лош“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Фотки што ќе ве разгневат: Мрзливи мажи кои очекуваат сопругата да им биде и слугинка „Бев отсутна од дома цела недела. Сопругот направил куп со неговата валкана обле...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава