Колку се променил изгледот на супермоделите низ годините?

Додека во минатото моделите изгледаа дури и анорексично, денес им се дава предност на девојките со „здрав“ изглед.

kolku-se-promenil-izgledot-na-supermodelite-niz-godinite-01.jpg

Како што се менувале стандардите за убавина, се менувале и стандардите што мораат да ги исполнуваат моделите.

Денес ова се смета за престижна професија и најпознатите модели заработуваат милиони, но во минатото ретко која девојка сонувала да стане модел.

Погледнете како се менувала оваа професија, заедно со изгледот и стандардите на моделите:

19-ти век

Дизајнерот Чарлс Фредерик Ворт кој живеел во 19-тиот век е првиот кој ги заменил куклите со вистински модели со цел да ги промовира неговите креации. Па, слободно може да се каже дека тој е основоположникот на манекенството.

Неговата сопруга Мари се смета за првиот модел во светот бидејќи токму таа ги носела и рекламирала неговите креации.

kolku-se-promenil-izgledot-na-supermodelite-niz-godinite-02.jpg

1920-ти

Во 1920-тите во весниците веќе имало фотографии од модели, но оваа професија не била воопшто популарна или ценета.

На почетокот од деценијата, моделите работеле само за една модна куќа и ги рекламирале креациите за потенцијални купувачи.

До крајот на 1920-тите, дизајнерите почнале да ги организираат првите модни ревии, а почнале да се појавуваат и првите модни агенции, како и училишта за модели.

Евелин Несбит е еден од поистакнатите модели од овој период.

kolku-se-promenil-izgledot-na-supermodelite-niz-godinite-03.jpg

1930-ти

Овој период се смета за златната ера на Холивуд и актерките станувале многу ценети, па и тие биле еден вид модели за креациите на дизајнерите.

За разлика од нив, девојките и жените кои работеле само како модели уште не биле толку популарни и не заработувале многу, но сепак се појавувале во весници.

Лиса Фонсагривс се прославила во 1930-тите и се смета за првиот супермодел – модел со добра заработка и добра репутација.

kolku-se-promenil-izgledot-na-supermodelite-niz-godinite-04.jpg

1940-ти

По Првата светска војна, Кристијан Диор се појавува на модната сцена и ги прославува супермоделите и до некаде ги поставува стандардите за убавина за тој период.

Неговата модна куќа ги прославува моделите со многу тенка половина, како Барбара Гоален чија половина имала обем од околу 45 сантиметри.

Во свое време, Барбара била позната и како најфотографираната жена во Британија.

kolku-se-promenil-izgledot-na-supermodelite-niz-godinite-05.jpg

1950-ти

Најверојатно Мерилин Монро е онаа којашто ги поставила стандардите за моделите од овој период, иако самата не била професионален модел.

Тогаш се барале девојки со облини и просечна висина од 165 сантиметри – девојки со тело како на Мерилин.

Сепак, еден од најпознатите модели од овој период е Сузи Паркер која била висока 178 сантиметри и се сметала за натпросечно висок модел.

kolku-se-promenil-izgledot-na-supermodelite-niz-godinite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg