Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Среќните луѓе се раѓаат во недела – Како денот на раѓање влијае врз вашиот живот?

Понеделник раѓа силни и решителни луѓе. Во вторник се раѓаат упорни личности, додека во среда – интелигентни … Деновите во неделата се усогласени со планетите во сончевиот систем. Името го добиле по седумте видливи планети.

Kako-denot-na-ragjanje-vlijae-vrz-vashiot-zivot-01.jpg

Античките народи верувале дека денот на раѓање остава голема трага на карактерот на човекот и неговиот животен пат. Вашата личност е резултат на многу фактори, а едно од објаснувањата го опфаќа и денот на раѓање:

Понеделник

Месечината владее во понеделник, а според старите народни верувања има три несреќни понеделници годишно. Оние кои се сметаат за несреќни се: првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот во декември. Како што Месечината е променлива по природа, такви се и луѓето родени во овие денови.

Емоциите имаат најголемо влијание кај оние родени во понеделник. Чувствата се најважниот елемент од нивниот живот. За нив е важно секогаш да имаат цврста основа и поддршка во животот, како од семејството и пријателите, така и партнерите од кои ја црпат целата своја сила и енергија.

Вторник

Денот го добил името по планетата Марс. Според римското верување, Марс е бог на војната. На луѓето родени на овој ден им носи голема сила.

Луѓето родени во вторник ги краси борбеност и сила. Истрајни се во остварувањето на своите цели. Тие никогаш не се откажуваат. Меѓутоа, под истото влијание на Марс, тој им носи и многу немир во животот, а нивниот дух е склон кон нервоза и стрес.

Среда

Планетата Меркур го симболизира третиот ден во неделата. Меркур бил римскиот бог на патувањето, трговијата и науката. Затоа, луѓето родени на овој ден се многу интелигентни, елоквентни и имаат силно влијание врз другите луѓе. Но, тие се одликуваат и со одредена љубопитност и нестабилност, поради што им требаат постојани предизвици за да функционираат.

Четврток

Јупитер владее во четврток. Тој во митологијата е познат како бог на громот и дождот. Тој е и симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор. Сите овие особини се дел од личноста и карактерот на луѓето родени во четврток. Имаат силна потреба за слобода и независност, склони се кон ретки и кратки престои на едно место. Тие се одликуваат со слобода на умот и духот.

Петок

Денот на планетата Венера е петок. Венера е симбол на убавина, љубов и удобност. Венера ги краси чувствителните и креативните луѓе. Луѓето родени под нејзино влијание често пати се уметнички типови. Сакаат да живеат во свој свет, а често се одликуваат со идеалистички погледи на светот и околината. Склони се кон романтични фантазии.

Сабота

Сабота е денот на планетата Сатурн, кој во римската митологија е бог на земјоделството и жетвата и син на Мајката Земја. Сатурн на луѓето родени во сабота им носи квалитети како практичност, рационалност и зрелост.

Тие уште од мали нозе точно знаат што сакаат и се многу посериозни и позрели од своите врсници. Сакаат да планираат и да размислуваат. Потешко се менуваат поради сомнежите што ги имаат во себе, но на крајот всушност се покажуваат како многу корисни и дејствуваат преку позитивни промени.

Недела

Недела е ден кој е под влијание на сонцето. Старите народни верувања неделата ја доживувале како многу среќен ден за раѓање на дете. Родените на тој ден се големи харизматични, весели и оптимисти.

Тие се постојано во потрага по нешто необично и различно. Она што ги прави уникатни е тоа што не ги почитуваат нормите. Тие се стабилни, а најчесто ги следи среќа во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg