Хорор сцени на кои налетуваат луѓе во станови и куќи изнајмени под кирија (фото)
Печурки во бањата поради влагата, отпушоци и ѓубре од претходните станари, фрижидер изгризан од стаорци - на некои луѓе воопшто не им е грижа во каква состојба се домовите што ги издаваат.
Кога изнајмувате стан или куќа, без разлика дали на неколку денови, месеци или години, нормално е да очекувате барем сè да биде функционално и исправно, особено ако плаќате повисока сума.
Но, сите кои изнајмувале, особено оние на подолг период, знаат дека во реалноста ситуацијата може да биде многу, многу полоша.
За жал, постојат газди кои воопшто не се грижат за нивните потстанари и најважно им е само да ја добијат киријата. Без разлика што влагата во домот, затнатите цевки и сличните проблеми се нивни за решавање, тие едноставно ги игнорираат.
Во продолжение неколку фотки од луѓе кои се соочиле со токму вакви газди:
„Газдата упорно нè уверуваше дека нема никаков проблем со одводот во бањата“.
„Еве што ќе се случи кога газдата не сака да го реши проблемот со влага во тоалетот“.
„Плаќаме 1.950 долари месечно – бањата почна да се распаѓа и плочките стојат вака веќе два месеца. Постојано му се јавуваме на газдата за да ги среди и ништо“.
„Газдата одбиваше да го среди таванот што протекуваше и целосно ни ги игнорираше повиците, сè додека таванот не се сруши врз нас и речиси нè уби. Сега ќе немаме пристап до дневната и кујната десет недели, но сепак ќе треба да плаќаме целосна кирија“.
„Фрижидерот на еден мој пријател – дупката е направена од стаорец, а газдата ниту го замени фрижидерот, ниту се справи со стаорците во станот“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





