Биолог кој пробал да направи хибрид од човек и мајмун и уште 7 луди научници кои правеле бизарни експерименти

Сидни Готлиб (1918 – 1999)

Сидни Готлиб од САД бил хемичар, но и еден од управителите на американската ЦИА во 1950-тите. Најпознат е по озлогласените експерименти за контрола на умот, познати како Project MKUltra.

Сидни и останатите научници експериментирале на луѓе со цел да најдат нови начини на испрашување на „непријателите“ и да најдат начин да ги контролираат.

Експериментите вклучувале психолошко малтретирање и таканаречено перење на мозокот.

На испитаниците присилно им биле давани психоактивни супстанци како ЛСД, биле хипнотизирани, добивале електрошокови, биле изолирани и трпеле секакво насилство - сè со цел Сидни и неговиот тим да најдат начин да „ги скршат“ за потоа да можат да ги контролираат.

biolog-koj-probal-da-napravi-hibrid-od-chovek-i-majmun-i-ushte-7-ludi-nauchnici-koi-pravele-bizarni-eksperimenti-06.jpg

Јохан Конрад Дипел (1673 – 1734)

Јохан Конрад Дипел бил германски лекар и алхемичар. Како и сите алхемичари, и тој пробувал да го најде „еликсирот на животот“ кој наводно дава вечен живот.

Всушност, дури и тврдел дека направил нешто слично, но уште полудо е што Јохан верувал дека може да ја пренесе човечката душа од едно во друго тело.

Според некои гласини (кои не се потврдени) Јохан откопоувал човечки тела и пробувал да ја префрли душата од едно во друго.

Историчарите се сигурни дека иако можеби не користел човечки трупови, Јохан пробувал да ја тестира својата теорија на животински трупови.

Најбизарно во целата ситуација е што мислел дека за да се направи трансферот на душата од едно во друго тело потребна е само инка.

biolog-koj-probal-da-napravi-hibrid-od-chovek-i-majmun-i-ushte-7-ludi-nauchnici-koi-pravele-bizarni-eksperimenti-07.jpg

Роберт Нокс (1791 – 1862)

Роберт Нокс од Шкотска бил угледен научник кој бил експерт во анатомија.

Како и многу научници од тој период, и Роберт ја изучувал човечката анатомија користејќи трупови. Обично ова биле телата на луѓе биле осудени на смрт.

Но, бројот на овие трупови бил ограничен, па многумина, вклучувајќи го и Роберт, краделе тела од гробишта.

Сепак, Роберт не застанал овде, па почнал да купува човечки тела од Вилијам Бурк и Вилијам Хер. Проблемот е што двајцата мажи убивале луѓе и потоа му ги продавале телата на Роберт, а тој бил свесен за ова.

Пред да бидат фатени, мажите убиле 16 луѓе чии тела ги продале на Роберт.

biolog-koj-probal-da-napravi-hibrid-od-chovek-i-majmun-i-ushte-7-ludi-nauchnici-koi-pravele-bizarni-eksperimenti-08.jpg

Илија Иванов (1870 – 1932)

Кога научниците сакаат да пробаат нешто ново, особено од областа на генетиката, најпрво се запрашуваат дали тоа е хумано и морално.

На пример, процесот на клонирање им е добро познат на научниците, но тие не би клонирале човек бидејќи не е хумано.

Но, биологот Илија Иванов од Русија не размислувал вака.

Илија бил експерт за вештачко оплодување, како и вкрстување на животински видови, но сакал да оди чекор подалеку – тој сонувал да направи хибрид од човек и мајмун. И, навистина имал можност да проба да ја реализира неговата луда идеја.

Иван пробал да оплоди три женски шимпанза со човечка спрема. За среќа, генетиката не функционира како што си замислувал и експериментот пропаднал.

biolog-koj-probal-da-napravi-hibrid-od-chovek-i-majmun-i-ushte-7-ludi-nauchnici-koi-pravele-bizarni-eksperimenti-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg