Хотел во Јапонија чини 1 долар од вечер, но под еден услов - целиот ваш престој ќе се пренесува во живо

One Dollar Hotel е хотел во кој сите би сакале да престојуваат кога ќе слушнат дека престојот за една вечер чини само 1 долар. Но, дали мислите дека ќе поминете само така?

hotel-vo-japonija-chini-1-dolar-od-vecher-no-celiot-vash-prestoj-kje-se-prenesuva-vo-zhivo-1.png

За да ја искористите оваа цена за сместување, ќе треба да се согласите целиот ваш престој да се пренесува во живо на YouTube преку каналот One Dollar Hotel, за да го гледаат сите ширум светот.

Како дошло до оваа идеја?

Овој уникатен концепт за сместување бил развиен во 2019-та година од 27-годишниот Инуе Тецуја, кога го презел бизнисот на баба му.

Поради големата конкуренција, тој се предизвикал себеси да го подобри бизнисот и всушност нашол инспирација од тоа што бил сведок на еден гостин кој самиот се емитувал во живо додека бил во хостелот што го имала баба му.

Изнајмувањето на собата (само една е достапна во моментот со среќниот број 8) е по цена од 1 долар или 100 јени, а Инуе го гледа каналот на YouTube како вистински извор на приход.

Во денешно време, речиси секој тип видео може да се монетизира доколу се заработат доволно прегледи, а потоа за кратко време се заработува и од реклами. Како му оди бизнисот на Инуе не знаеме, но знаеме дека неговата идеја е навистина креативна.

https://www.youtube.com/channel/UClVc8Oahy4JTOoC15DBaUBg

Дали има правила кои ги штитат гостите?

Идејата да ве гледаат сите ширум светот звучи навистина застрашувачки, но постојат неколку правила кои ги штитат гостите.

Нема камери во бањата, па бидете сигурни дека вашата приватност не е целосно одземена.

Освен тоа, дозволено е да ги гасите светлата кога сакате. Се разбира, ви даваат конкретни упатства кога ќе пристигнете, како на пример, да не ги прикажувате пред камерите вашите лични податоци како пасошот и банкарските картички.

Така, со само 1 долар добивате огромен попуст сѐ додека ви е пријатно луѓето да ве гледаат додека си играте на вашиот телефон или додека си правите сендвич.

М. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава