Луѓето се поделени во 4 групи според темпераментот - во која сте вие?

Темпераментот е нешто што си го носиме од раѓање, вродено и наследено од семејството. Самата генетика прави чуда, па така уште од раѓањето на вашето дете може да се заклучи кој темперамент го носи. 

ist-si-kako-majka-ti-cela-si-na-tatko-ti-01.jpg

Темпераментот не се менува, но сепак е базата од кое подоцна се креира карактерот и однесувањето.

Со добро воспитување, детето може да се научи како да се справува со секојдневните предизвици и полесно да се адаптира во секоја средина.

Истото важи и за возрасните каде што темпераментот се манифестира најмногу со свесност и самоконтрола.

Па така, во животот секојдневно среќаваме 4 типа на темпераменти.

Колеричен темперамент – (Колерик)

Страствени луѓе, со нагласено его и суета. Активни и конфликтни. Овој профил најчесто е импулсивен и се води од моменталните емоции, гордост, љубомора. 

Брзо расудуваат, уште побрзо делуваат. Тешко признава неуспех и грешка, и главно се водат од стремежот за успех. Овој темперамент го носат најмногу лидерите и оние што сакаат да бидат „главни” во средината во која се наоѓаат.

Меланхоличен темперамент (Меланхолик)

Овие луѓе се чувствителен профил, нерешителни, наклонети кон непријатни чувства кои траат подолго и потешко се справуваат со тагата. Емпатијата е заштитен знак, а плашливоста и наивноста е една од главните карактеристики со кои се носат.

Меланхоликот е затворен и насочен кон себе, тешко се приспособува во нова средина, сака да биде во сенка. Овие луѓе често се со ниска самодоверба, тивок глас и меланхолија, од каде што и потекнува името на овој темперамент.  

Не реагираат брзо, а ако бидат навредени, тоа го паметат со меланхолија целиот живот.

Флегматичен темперамент (Флегматик)

Овој темперамент го имаат најчесто смирените луѓе кои имаат тенденција да прават се на смирен начин и трпеливо. Упорни луѓе на кои им треба малку повеќе време за концентрација, учење и работа.

Целосно посветени и приврзани за семејството и околината. Бегаат од ситуации кои се хаотични, гласни и напорни.  Интровертни, со потреба од подолго време за адаптација во нови и различни средини.

Не се склони на склопување на нови пријателства, но оние што ги имаат, ги негуваат за цел живот.

Сангвиничен темперамент - (Сангвиник)

Приспособливи, живи, комуникативни, честопати и брзоплети екстроверти кои се константно во љубопитно движење и комуникација со луѓе. Импулсивни и активни, но најчесто непостојани. Лесно се лутат, но брзо забораваат.

ist-si-kako-majka-ti-cela-si-na-tatko-ti-02.jpg

Сите сме различни, затоа не треба да се земе ниеден темперамент за добар или лош.

Веројатно нема да може да се дефинирате само во една поделба од горенаведените и тоа е така бидејќи ниеден од нас не носи чист темперамент, туку мешавина од карактеристики од сите темпераменти, секако зависно од ситуацијата и дразбата.

Затоа, да си ги пронајдеме силните страни и да работиме активно на слабите страни. Така најубаво ќе го дефинираме нашиот карактер.

Кој темперамент го имате вие наследено?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М.У.Т. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg