14 работи кои треба да почнете да ги правите уште денес за да си бидете благодарни за 10 години

8. Стекнете навика да си го средувате домот. Истовремено, пробајте да не собирате секакви предмети што не ви се потребни и кои само ќе ви зафаќаат простор.

9. Немојте да земате кредити за работи кои нема да ви значат ништо за три месеци.

14-raboti-koi-treba-da-pochnete-da-gi-pravite-ushte-denes-za-da-si-bidete-blagodarni-za-10-godini-05.jpg

10. Обрнете повеќе внимание на вашите желби и потреби. Размислете кои се вашите таленти и негувајте ги. Нема потреба да заработувате од нив, туку, едноставно, дозволете си да бидете креативни и да уживате.

11. Размислувајте за вашето минато – каде сте погрешиле, каде сте го направиле вистинскиот избор, каде сте можеле да направите нешто подобро… Вака ќе бидете многу поподготвени за иднината.

12. Фокусирајте се на барем една дневна активност за која знаете дека со текот на времето ќе се покаже како многу корисна, без разлика дали тоа е учење нов јазик, вежбање, промени во исхраната и слично.

14-raboti-koi-treba-da-pochnete-da-gi-pravite-ushte-denes-za-da-si-bidete-blagodarni-za-10-godini-06.jpg

13. Бидете свесни за секоја одлука што ја донесувате – свесно прифатете го новото работно место, свесно почнете нова врска и слично. Не дозволувајте животот да ви го сочинуваат само случајни постапки за кои не сте размислиле и на крај немаат никакво значење за вас.

14. Почнувајте одново сè додека не го постигнете она што го сакате. Без разлика колку пати нема да успеете, вратете се на нозе и обидете се уште еднаш.

14-raboti-koi-treba-da-pochnete-da-gi-pravite-ushte-denes-za-da-si-bidete-blagodarni-za-10-godini-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 грешки поради кои новата облека за кратко време ви изгледа износено и парталаво Облеката ја сушите кога сонцето е најсилно, парфемот го прскате директно на обле...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg