Низ фотографии: Колку се промени односот на кралот Чарлс и син му Хари од неговото детство до денес?
-->
Во минатото кралот Чарлс не се двоумеше дали да го прегрне и бакне Хари, дури и во јавност, но денес е реткост и само да застанат еден до друг.
Откако Хари и Меган Маркл го напуштија кралското семејство и го „оцрнија“ во интервјуто со Опра, односот на принцот и неговиот татко стана мошне комплициран.
-->
Тие се гледаат многу ретко, а според извори блиски до кралското семејство, Чарлс бил разочаран од Хари и неговите изјави за монархијата.
Сепак, се чини дека смртта на кралицата повторно ги зближи.
Колку се промени односот на принцот Хари и кралот Чарлс, низ фотографии:
Од многу стари фотографии е јасно дека кралот Чарлс не ја криел љубовта кон синот Хари – овде се фотографирани во 1985-та, кога Хари има едвај една година.
Сепак, нивното семејство не било секогаш среќно, најмногу поради односот на Чарлс и Дијана. Овде малиот Хари и неговите родители се фотографирани пред замокот Сандрингем во 1988 година.
-->
-->
Кралот Чарлс не се грижеше за кралски протоколи кога требаше да ги утеши неговите деца – овде го бакнува малиот Хари на поло натпревар во 1990 година.
-->
Чарлс одеше веднаш до Хари на погребот на мајка му Дијана во 1997 година. Тогаш Хари имаше 12, а Вилијам 15 години.
Хари отворено ја поддржуваше венчавката на татко му и Камила во 2005-та. Всушност, самиот има изјавено дека „таа не е злобна маќеа, и луѓето треба да ја сожалуваат поради лошата позиција во којашто се наоѓа“.
-->
Од друга страна, Чарлс ја поддржуваше воената кариера на Хари. Овде му става воена значка во 2010 година.
Чарлс го поддржуваше и бракот со Меган. Всушност тој ја однесе до олтарот на денот на нивната венчавка во 2018 година.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка
„Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме
Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Хит реакција на мало девојче кое за првпат го гледа татко си без брада – „Кој е овој човек?“
Татковците и ќерките имаат посебна конекција, а реакцијата на ова девојче кое за...
10 секојдневни предмети кои се измислени по раѓањето на кралицата Елизабета
Кога сечениот леб првпат се појавил на пазарот, кралицата Елизабета имала две го...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите
Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме
Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...