Необична улична храна од целиот свет која ретко кој би се осмелил да ја проба

Дали би пробале гасеници во Зимбабве или, пак, пржени тарантули во Камбоџа?

neobichna-ulichna-hrana-od-celiot-svet-koja-retko-koj-bi-se-osmelil-da-ja-proba-01.jpg

Пробувањето на локалната храна е важен дел од секое патување и значително го збогатува целото искуство.

За туристите секогаш најпопуларна е уличната храна која освен што е поевтина, исто така е дел од локалната кујна.

Но, покрај вкусната улична храна која без двоумење би ја пробале, во земјите ширум светот има и јадења што веројатно не би сакале да ги ставите во уста.

Осум вакви јадења во продолжение:

Гасеници во Зимбабве

Во неколку земји во Јужна Африка, особено во Зимбабве многу познат деликатес се гасениците познати и како mopane worms (лат. Gonimbrasia belina).

Гасениците се собираат за време на дождовната сезона, а потоа се чистат и се сушат на сонце. Ова ги прави погодни за јадење во текот на целата година.

Некои ги јадат само гасениците, а некои ги комбинираат со домати, лук, кикиритки и кромид.

neobichna-ulichna-hrana-od-celiot-svet-koja-retko-koj-bi-se-osmelil-da-ja-proba-02.jpg

Жабји копани во некои азиски држави

Иако се сметат за француски деликатес, жабјите копани се популарна улична храна во некои азиски земји како Виетнам, Камбоџа и Тајланд.

Според оние кои ги пробале, вкусот е сличен како пилешко месо, но сепак многумина се гадат од помислата. 

neobichna-ulichna-hrana-od-celiot-svet-koja-retko-koj-bi-se-osmelil-da-ja-proba-03.jpg

Јагула во желе, Англија

Ова јадење станало популарно во 18-тиот век, најмногу во источниот дел на Лондон.

Јадењето е всушност исечена јагула која се вари и зачинува. Потоа се остава да се олади и самата формира желатин.

Денес јадењето не е многу популарно ниту во Англија, но можете да го најдете во некои продавнички за деликатеси.

neobichna-ulichna-hrana-od-celiot-svet-koja-retko-koj-bi-se-osmelil-da-ja-proba-04.jpg

Isaw во Филипини

Ова популарно улично јадење од Филипините се всушност црева од свиња или кокошка, направени на скара.

Цревата се чистат, се превртуваат, па се чистат повторно. Овој процес се повторува неколкупати.

Потоа цревата се варат или се печат на скара, најчесто на стапче.

neobichna-ulichna-hrana-od-celiot-svet-koja-retko-koj-bi-se-osmelil-da-ja-proba-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg