Девојка создава забавни форми од облеката што ја суши на жица – црна мачка од килоти и чорапи, камила од пижами

Пред неколку години, додека ја перела сопствената облека, уметницата Хелга Стенцел ја добила идејата за уникатни фотографии направени со парчиња облека што се сушат на жица, а кои се наредени така што наликуваат на голем број различни животни.

krava-od-jakna-i-maica-donald-tramp-od-razlichni-parchinja-obleka-helga-stencel-kreira-umetnost-dodeka-ja-sushi-oblekata-01.jpg

По ова Хелга одлучила своите дела да ги објавува и на својот Инстаграм профил каде има околу 240.000 следбеници, а по нејзините фотографии веќе никогаш нема да гледате исто на облеката што се суши на жица.

„Видов чорапа фрлена на земјата до едни килоти и сфатив дека наликува на глава од коњ. Ми требаше малку подолго време да ја развијам идејата понатаму и како да го креирам телото на коњот“ – вели Хелга.

Денес таа своите фотографии ги продава на интернет, а нејзините уметнички дела наоѓаат место во голем број домови.

Црна мачка од килоти, хулахопки и чорапа, слон од сако и кошула, камила од пижами...

Нејзините композиции пленуваат со едноставноста и со начинот на кој се изработени.

Освен што прави уметнички дела од облека, таа користи и други секојдневни предмети за да ги креира своите надреалистички фотографии.

Погледнете дел од нив:  

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...

Најчитани неделава