Навики кои ги практикуваат културните луѓе, а многумина потајно ги презираат
Дали одите на гости порано од договореното време затоа што сте завршиле порано со обврските? Суфлирате ли на возачот во автомобил? Ги собирате ли празните чинии една врз друга кога седите со гости? Некои од овие навики кои ги прават добронамерно културните луѓе, им одат на нерви на другите.

Културните луѓе имаат навики, кои иако се добронамерни, сепак може да предизвикаат блага нервоза кај другите во околината.
Тоа не значи дека секојпат нивните постапки се погрешни, но понекогаш треба да размислат дали можеби треба да променат нешто и кај себе, секако без да ја нарушат културата.
Културни навики кои многумина ги нервираат, но нема да признаат:
Доаѓање многу порано од договореното на гости, состанок или прослава (кога ниту домаќините не се подготвени)

Давање добронамерни комплименти кои може да бидат навредливи (од типот – изгледаш супер за годините, вака косата те прави помлад/а и сл.)

Давање одговор на покани, но менување план без да се најави (сте кажале дека ќе дојдете на свадба, а во последен момент сте решиле да не дојдете, но не сте најавиле)

Претерано раскажување и споделување детали за себе кога ќе ве прашаат (доволно е да бидете умерени, никој не сака да ја слушне цела животна историја од едно прашање)

Возење под ограничена брзина (да, точно, треба да се следат законите, но ако возите многу под дозволеното, сигурно ќе добиете многу свирки во сообраќајот)

Давање добронамерни коментари на возачот (јасно е дека сте внимателни по патот, но ако на секои 100 метри суфлирате навистина може да биде неподносливо и вознемирувачко за возачот)

Собирање празни чинии за да расчистите кога имате гости или додека сте на гости (можеби некој ќе сака да си земе повторно јадење, а вие го „бркате“ или го нарушувате редот за раскревање на домаќинот)

M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат
Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности
„Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе
Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (...
Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото)
„Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото)
Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...