Таткото на Меган Маркл и уште 4 луѓе за кои милионската добивка на лотарија била проклетство

Абрахам од Флорида освоил 30 милиони долари и голем дел од парите искористил за да им ги отплати долговите на блиските личности. Но, само две години подоцна, тој исчезнал, а набрзо потоа полицијата го нашла неговото мртво тело…

tatkoto-na-megan-markl-i-ushte-4-lugje-za-koi-milionskata-dobivka-na-lotarija-bila-prokletstvo-01.jpg

Многу луѓе сонуваат дека ќе освојат голема сума пари на лотарија.

И додека големата добивка е можност да го почнат животот одново и да си решат многу проблеми, забораваат дека со оваа голема сума доаѓа и огромна одговорност.

Некои луѓе со милионски добивки на лотарија умеат паметно да ги искористат парите, но некои успеваат да ги потрошат сите и да банкротираат. Некои, пак, стануваат мета на крадци, па дури и убијци.

Пет луѓе кои освоиле многу пари на лотарија, но веројатно зажалиле за тоа:

Томас Маркл

Таткото на Меган Маркл освоил 750.000 долари во 1990 година.

Тогаш Меган имала само девет години, а наводно татко ѝ ги заокружил броевите од нејзиниот датум на раѓање.

Со овие пари, Томас успеал да ја испрати Меган во приватно училиште и да ѝ го поплочи патот до успехот.

Тој му помогнал и на неговиот син Томас Џуниор - му дал пари да отвори своја цвеќарница.

Сепак, Томас направил грешка со останатите пари и ги инвестирал во неуспешен бизнис за производство на накит. Па, во 2016 година прогласил банкрот.

tatkoto-na-megan-markl-i-ushte-4-lugje-za-koi-milionskata-dobivka-na-lotarija-bila-prokletstvo-02.jpg

Џејн Марк

Џејн од Единбург имала само 17 години кога освоила над 1 милион долари на лотарија во 2013-та.

Речиси веднаш ги искористиле парите за да стави силикони во градите, како и за операција на задникот. Почнала и да троши на луксузна облека и скапи патувања.

Сепак, самата Џејн вели дека добивката од лотарија само ѝ го уништила животот.

Во 2018 година, за британски медиум, Џејн откри дека речиси умрела додека ја правела операцијата на задникот.

Имала и три инфаркта додека била во болницата, а по операцијата долг период имала отоци и чувствувала силни болки.

Џејн вели и дека погрешила што не инвестирала дел од парите.

„Лесно е да ги трошите парите штом ќе сфатите дека се ваши. Уште полесно е кога ќе сфатите колку многу пари имате. Си замислував дека сум некоја ѕвезда со моите 1 милион долари, кога всушснот не бев“.

Во 2019 година, Џејн откри дека сега заработува објавувајќи разголени фотки на OnlyFans.

tatkoto-na-megan-markl-i-ushte-4-lugje-za-koi-milionskata-dobivka-na-lotarija-bila-prokletstvo-03.jpg

Кали Роџерс

Кали Роџерс освоила речиси 2 милиони долари во 2003-та, кога мала едвај 16 години.

Две недели подоцна, таа го запознала Ники Лосон, со кого имала две деца, и веднаш се преселиле во дом вреден околу 200.000 долари.

Но, пет години подоцна таа и Ники се разделиле, а Кали била толку депресивна, што размислувала и за самоубиство.

Кога се чувствувала особено лошо, таа си ставила силикони со надеж дека ќе си ја врати самодовербата. Потоа направила уште две операции, а почнала и да организира забави со многу дрога.

Покрај тоа, Кали не сфаќала дека голем дел од луѓето што се преправале дека ѝ се пријатели всушност ја користеле за парите, а еднаш била и нападната и ограбена од нив.

Кали до денес има проблеми кои дефинтивно дошле со големото богатство. На пример, минатата година направила сообраќајка додека била под дејство на кокаин.

tatkoto-na-megan-markl-i-ushte-4-lugje-za-koi-milionskata-dobivka-na-lotarija-bila-prokletstvo-04.jpg

Мајкл Керол

Мајкл од Норфолк освоил речиси 10 милиони долари на лотарија во 2002 година. Тогаш тој имал 19 години и речиси веднаш им дал голема сума пари на семејството и пријателите.

Останатите пари почнал да ги троши неразумно на луксузни домови и спортски автомобили.

Иако бил во брак, почнал да спие со други жени, па сопругата го оставила.

Мајкл имал и над 30 судири со законот, најмногу поради возење под дејство на многу алкохол.

До 2005 година, Мајкл имал уште само 1 милион долари на неговата сметка, а до 2013-та банкротирал.

Оттаму, неговиот живот се движел само во надолна линија – неколку месеци живеел во засолниште за бездомници и не можел да најде работа поради лошата репутација.

Во 2019 година се преселил во Шкотска каде што почнал да работи во рудник на јаглен, седум дена во неделата.

Сепак, според Daily Record, сега животот на Мајкл бил колку-толку подобрен – повторно се венчал со поранешната сопруга и успевал да заработи нешто за живот.

tatkoto-na-megan-markl-i-ushte-4-lugje-za-koi-milionskata-dobivka-na-lotarija-bila-prokletstvo-05.jpg

Абрахам Ли Шекспир

Во 2006 година, 42-годишниот Абрахам од Флорида освоил 30 милиони долари и голем дел од парите искористил за да им ги отплати долговите на членовите на семејството.

За помал од две години, Абрахам останал со само 2 милиони долари, но и мистериозно исчезнал. По некое време, полицијата го нашла неговото мртво тело.

Абрахам бил убиен од Диди Мур – жена која сакала да му ги украде парите.

Диди се спријателила со Абрахам и му станала финансиски советник.

Бидејќи тој бил неписмен, таа имала контрола над целото негово богатство и постепено му ги крадела парите.

Кога Абрахам сфатил што се случува, ѝ се заканил дека ќе ја убие, но таа го убила него.

Моментално жената отслужува доживотна казна затвор.

tatkoto-na-megan-markl-i-ushte-4-lugje-za-koi-milionskata-dobivka-na-lotarija-bila-prokletstvo-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg