„Сакам да се разведам од сопругот ако се здебели уште повеќе, а јаде само брза храна – дали сум неразумна?“

На англиски форум за родители, Британка сподели дека нејзиниот сопруг веќе има многу прекумерна тежина, а е на пат да се здебели уште повеќе. Иако таа инсистирала да се храни здраво, тој јадел само брза храна, па сега жената размислува дали да го остави ако продолжи по тој пат.

kje-se-razvedam-od-soprugot-ako-se-zdebeli-ushte-povekje-a-jade-samo-brza-hrana-dali-sum-nerazumna-01.jpg

Британка започна жестока дебата на британскиот форум за родители Mumsnet, откако откри дека планира да се разведе од сопругот ако тој се здебели премногу.

Таа вели дека сопругот веќе се движи во таа насока бидејќи воопшто не внимава на исхраната.

Нејзината објава во продолжение:

„Сакам да му кажам на сопругот дека ќе се разведам од него ако се здебели многу.

Свекорот е со многу прекумерна тежина – има проблеми со одењето и слично. Немам ништо против него, но се плашам од помислата дека мојот сопруг ќе стане таков. Жал ми е, но не би можела да останам со него, сакам да бидам активна и да правам разни работи.

Но, сопругот брзо се движи во таа насока. Јас и тој никогаш не јадеме заедно, тој не ја јаде здравата храна што ја готвам и секогаш нарачува храна. Вели дека ja сака мојата храна, но не го гледам да ја јаде.

Однапред готвам повеќе храна, па во фрижидерот секогаш има здрава храна, но тој не ја јаде. Јас вечерам порано бидејќи не сакам да се здебелам. Јадам доцна навечер само во посебни прилики.

Ако излеземе заедно со децата, јас и тие јадеме пред да излеземе за да не огладниме. Тој вели дека не е гладен, но штом ќе излеземе, купува нешто нездраво. Токму ова го прави неговиот татко.

Го потсетив дека во фрижидерот има вкусно рижото бидејќи рече дека ќе нарачува храна, но ми рече дека не јадел цел ден. Не сфаќа што сакам да му кажам!

Дали ќе биде неразумно ако му кажам дека ќе сакам развод ако стане голем колку татко му?“

kje-se-razvedam-od-soprugot-ako-se-zdebeli-ushte-povekje-a-jade-samo-brza-hrana-dali-sum-nerazumna-02.jpg

Во коментарите на објавата, некои сметаат дека и самата жена има нездрав однос кон храната.

„Искрено, изгледа како и двајцата да имате проблеми со храна“.

„Тоа што велиш дека не јадеш навечер освен во посебни прилики покажува дека и ти имаш нездрава врска со храната. Дали ги тераш и твоите деца да го мислат истото?“

„Сето ова звучи малку… тажно. Зошто да јадете пред да излезете некаде со семејството? Зарем не е поентата на овие излети да се почастите со храна, па и хамбургер?“

„Мислам дека и двајцата имате проблеми со храната. Ве советувам да побарате помош бидејќи сигурно не си помагате еден со друг. Исто така, загрижен сум и за ставот кон храната што им го пренесуваш на децата – воопшто не е нормално да вечераш само во посебни прилики“.

kje-se-razvedam-od-soprugot-ako-se-zdebeli-ushte-povekje-a-jade-samo-brza-hrana-dali-sum-nerazumna-04.jpg

Некои, пак, сметаат дека одлуката за развод е сосема нормална во ситуацијата на жената и не се согласуваат дека и таа има проблеми со храната.

„Нема ништо погрешно во тоа. Многу прекумерната тежина може да биде инвалидитет. Ти не си должна да се грижиш за него“.

„Не мора да останеш со некого за да покажеш добрина. Мислам дека треба да разговарате за ова што побрзо за да донесеш одлука, уште пред да качи повеќе килограми“.

„Не мислам дека жената има нездрава врска со храната. Многу луѓе внимаваат на исхраната како што стареат. Сопругот, од друга страна, дефинитивно има нездрав однос кон храната“.

„Се согласувам со тебе. И јас не би останала во брак да сум на твое место“.

kje-se-razvedam-od-soprugot-ako-se-zdebeli-ushte-povekje-a-jade-samo-brza-hrana-dali-sum-nerazumna-05.jpg

Што мислите – дали е во ред жената да го остави сопругот доколку тој не ги промени животните навики и се здебели уште повеќе?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава