Можеш ли да се сетиш кој беше пред светот да ти каже кој треба да бидеш?

И не можам да се сетам која бев пред ти да ми кажеш која треба да бидам. Но знам ти кој си. И знам дека ти ќе продолжиш да ја бараш нејзе во секоја наредна, знаејќи дека нема никогаш да ја пронајдеш.

mozhesh-li-da-se-setish-koj-beshe-pred-svetot-da-ti-kazhe-koj-treba-da-bidesh-01.jpg

Паметувам. Паметувам пред да ме расони утринското сонце. Се сеќавам на сонот кој го пробиваше штитот на потсвеста и риеше во неа создавајќи нов свет на имагинација која за мене предизвикуваше болка.

Се сеќавам на мирисот на темјаниката, на спокојот во душата, на светлината на ѕвездите, ах тие непрекорни причинители на мојата замаеност. Се сеќавам на секој бакнеж кој нежно ќе залуташе на мојата уста, ќе ме допреше нежно и незабележително, со желба за уште, со желба за длабока поврзаност и проштевање.

Се сеќавам на твојот поглед кој бараше бакнеж. Бакнеж за заборав. Бакнеж за збогум.

Кои бевме пред светот да ни каже кои треба да бидеме? Пред мислите да ни залутаат низ свемирот, низ недооденото, низ непрооденото, низ неизоденото.

Кои бевме пред мислите да ни кажат кои навистина треба да бидеме? Кога умот ни беше ставен на off а срцето на on, кога мислевме на се, а сепак на ништо, кога размислувавме со срце, душа, усни и допири, а не со разум и ум, кога обмислувавме, размислувавме и измислувавме, а сепак не го напрегавме мозокот да ја врши функцијата која всушност и не дефинира како разумен човек, како хомо сапиенс.

Кога всушност и ја извршувавме единствената човекоја функција која е впишана во неговиот почеток и зачеток, во неговите гени и во неговите дезоксирибонуклеинските киселини кои кога се мешаат ја формираа најпрекрасната констелација на хромозоми.

Кога човекот е во зенитот, во нирваната на најсилната дрога на целиот свет – љубовта, кога ја завршува примарната, основната, фундаменталната функцијата, потреба и желба.

Кои бевме ние пред бакнежите да ни кажат кои сме? Кога твојата горна усна ќе залуташе врз мојата долна и кога рацете ќе ни затрепереа, барајќи со денови, месеци и години, оддалечени од неможноста и незнаењето, а сплотени од судбината.

Зар сè што е судбинско ќе покосиш? Ќе откорнеш? Па пиреј е тоа, не се корни, не се ништи. Кога врвот на твојот јазик ќе почне гладно да го допира мојот како бесно куче кое се бори за парче месо со глутницата пси и секоја вкусна папила врши дедукција на новиот вкус.

Без сетило за болка, без осет за топлина, не осети ли дека со секое риење длабоко во моето грло си го гориш твојот мозок? Кога усните ќе ни затреперат и погледот ќе ни се спои принудувајќи ги нашите ириси да ги кренат белите знаменца и да замолат за безболно долгоминутно гледање, во очите, во душата, во срцето и умот.

mozhesh-li-da-se-setish-koj-beshe-pred-svetot-da-ti-kazhe-koj-treba-da-bidesh-02.jpg

Кои бевме ние пред допирите да ни кажат кои всушност треба да бидеме? Кога го осети секој милиметар од моето голо тело како од мајка родена, кога градите мои ги запаметија браздите на твоите прсти и кога секое ежење од твојот допир ми ги стврднуваше брадавиците кои упорно ја бараа твојата уста.

Моето тело, кое како од гума се виткаше со твоето, врескаше немо со секое движење за уште, бараше уште, молеше за уште, за повеќе, ненаситно те бараше во желбата и во клетките кои беа предозирани со допаминот.

Се удавив во мислите мои нахранети од надежта која се напои од изворот на твоите раце. Потонав во емоциите, се водев од чувствата, не ја разграв границата кога чувствата станаа вистините, кога ме обземаа, ми ја заплеткаа ногата и ме повлекоа надолу, со нив, во длабочината. Во немирот, стравот и очајот. Се изгубив во желбата да бидам со тебе.

Кои бевме ние пред да се покориме на болката? Пред да дозволиме таа да вјаса со нашите одлуки која како маќеа си поигруваше со нас.

Кои бевме ние пред да станеме едно? Кои бевме ние пред да се откажеме од нас? Можеш ли да се сетиш кој беше пред  светот да ти каже кој треба да бидеш?

Паметувам. Паметувам дека те пронајдов кога не те барав. Се сеќавам на гранката која ти ми ја искалеми со грижа, нежност и љубов. Се сеќавам на сонот кој го сонив. Јаве. Се сеќавам на твојот поглед. Исплашен, полн со нежност и чувства и љубов и желба и копнеж и сè што не можам да именувам.

И не можам да се сетам која бев пред ти да ми кажеш која треба да бидам. Но знам ти кој си. И знам дека секој миг поминат со тебе е вечност за мене.

И знам дека со секој твој допир повторно и повторно го согледувам очајот по тебе. И во твоите очи како рефлексија се појавува детето во мене.

Го гледам - наивно, безгрижно се смешка дур среќно се радува на присуството твое. И знам дека копнежот по тебе нема да стивне ни кога годините ќе минат.

И не можам да се сетам која бев пред ти да ми кажеш која треба да бидам. Но знам ти кој си. И знам дека ти ќе продолжиш да ја бараш нејзе во секоја наредна, знаејќи дека нема никогаш да ја пронајдеш.

И знам дека јас во тебе го најдов сето она која го барав во секој претходен. И знам, овде се согледува љубовта, која се гради на надежта, која живее од трошките на желбата и која умира по мирисот на љубениот.

Знам. Се сетив. Знам која бев пред светот да ми каже која треба да бидам. Своја, твоја, ничија. Но не знам која сум сега, откако замина ти.

На Ѓ.

П.С. Болката не е патетична, туку човечка. Љубовта не е испросена, туку длабоко доживеана.

Допирите не се навика, туку мимики на детска игра. Сè што почувствуваме не бараше дозвола да постои, само нем изговор за да не опстои.

И ако оваа љубов не изрти во реалноста, не значи дека не беше семе на вистината. Именувај го како сакаш она што го имавме, но тоа засекогаш ќе остане сенка на тишината во која чекајќи полека исчезнувам.

Доколку сакате и вие да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука! 

Мишел/ фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонец со моќна порака до мажите за 8 Март: „Да ги зачуваме цвеќињата за себе, а да го слушаме кр... „За Ивана, за Росица, Марија, Римјана, Емилија… За малата Кате која и во тој мал...

Најчитани неделава