Многу од сè, а една личност

И тој што одвел многу жени дома, имал една што ја сакал. И таа што гордо поминала покрај многумина и ги одбила, покрај еден на кој најмалку се надевала паднала. И тој што кажал дека никогаш не пуштил солза, се нашол себеси во лага кога заплакал.

mnogu-od-se-a-edna-licnost-01

На крајот од денот, кога ќе легнеме, сите помислуваме на она истото: „Што ќе беше ако беше...?“

Храброста е доблест. Затоа не се плашам ни да заплачам, ниту се плашам да ги покажам солзите, затоа што тие ми ги чистат очите и ми ја лечат душата.

Кога месечината се буди и ѕвездите настапуваат во полн сјај добивам една желба.

Всушност желба која веќе прерасна во потреба. Силна потреба да се изгубам по вечерните улици, да талкам неуморно по влажниот асфалт и да стигнам до едно место каде повторно ќе се пронајдам.

mnogu-od-se-a-edna-licnost-4.jpg

Место каде секој прамен од мојата коса, паѓајќи на твоето лице, добива свиленкаста леснотија. Местото каде две усни го добиваат своето значење, едно место каде две различни нешта функционираат како една целина.

Таму секој допир вибрира по површината на цела кожа, таму секој бакнеж безгранично патува низ времето и просторот.

Таму, сите бои и мириси го губат своето значење и непрекинато се прелеваат едни во други добивајќи една поинаква смисла.

Смислата која одамна ја барав без да знам дека прво треба нешто да изгубам. Да се изгубам себе, за одново да се пронајдам во тебе.

mnogu-od-se-a-edna-licnost-2.jpg

Таму мојата силуета добива поинаков облик. Таму мојот ум нема перцепција за време и простор. Таму се претопуваат вкусови на мед и млеко, на цимет и чоколадо…

Таму одново, во вистинска смисла, се раѓа едно чувство. Таму, одново, се раѓам и јас.

Ти си единствената личност која има толку многу несовршености кои знаат да ме кренат до небо и така наеднаш да ме треснат од земја, многу чувства измешани на радост, смеа, тага, иронија и злоба.

Многу зборови недокажани, многу страсти доживеани, многу допири на врв на прстите.

Многу погледи низ трепки поспани, многу емоции од очи насмеани, многу мириси на кожата наежена…

Многу од сè, а една личност.

mnogu-od-se-a-edna-licnost-3.jpg

Автор: Vanessa Cardui


Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg