Насмевката што исчезна кога се иселив од Македонија

Седејќи пред компјутерот, сè повеќе гледам како се пишува дека ние што имаме отидено во странство сме се „спасиле" од кутрата Македонија.

nasmevkata-sto-iscezna-koga-se-iseliv-od-makedonija-01

Затоа се одучив на овој смел потег, накратко да раскажам како се промени мојот живот во период од 2 години. По природа сум многу отворена и ведра личност подготвена за секакви авантури, но кога се преселив во Италија, сето тоа се промени.

Станав затворена личност, без другари и другарки, без рамо за плачење, која живее од денес за утре. Се затворив сама во себе, и не знам што значи среќа. Мојот живот нема смисла.

Кога ќе ме прашаат од Македонија како се снаоѓам им велам дека сум среќна овде, дека имам многу пријатели, дека ме прифатиле таква каква што сум, но овде се случува сосема спротивното.

Сите ме одбегнуваат, ми се смеат зад грб, а јас се правам дека ништо не гледам. Глупаво нели? Што да правам, не можам да се променам, таква сум. Странец.

Некои ќе речат до мене е, не комуницирам, не се дружам. Но, не се работи за дружба од само за неколку дена, како кога одите на одмор.

По некое време откако ќе запознаете повеќе луѓе и ќе бидете подолго време со нив, сфаќате дека не се толку љубезни како кога одите неколку дена како турист.

И тие имаат свои маани, многу лица и карактери. По некое време ги запознавате во нивната суштина и сфаќате дека никогаш нема да бидат исти.

Колку и да ве прифаќаат, никогаш нема да се чувствувате како дел од нив. Ќе стои голема празнина меѓу вас и нив. Не се одлепува лесно етикетата на странец.

Ниедна друга земја не може да ви биде роден крај и дом повеќе од вистинската.

Кога не можете да ја промените земјата, ќе мора да се промените себеси. За жал јас се променив на полошо. Пред да дојдам овде бев личност полна со самодоверба и оптимизам. Сега сум личност која не знае што значи среќа и полна со песимизам.

Бев горда на себе и на сите успеси што ги имав постигнато во моите 15 години, сега се срамам од нив.

Секогаш бев ведра и насмеана, сите ми велеа дека ширам позитивна енергија каде и да се појавам, сега повеќе не постои таа насмевка. Исчезна!

Останаа само очите што прво беа полни со надеж за подобро утре, а сега се полни со солзи.

Па, добредојдовте на Западот, каде што сите се среќни. Ах, оваа моја чудесна земја, Македонија.

Писмо од анонимна читателка

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg