Љубов во офсајд: Таа беше сè што тој не е

Само што влезе дома, но веќе подолго време овде се чувствуваше како натрапник. Дури и воздухот беше потежок, па отвори прозорец.

ljubov-vo-ofsajd-taa-bese-se-sto-toj-ne-e-001

Тој седеше на фотелјата, но не ни забележа дека се вратила, а таа се навикна на тоа и воопшто не ѝ беше чудно.

Си имаа различни светови, а делеа ист стан и иста постела. Постелата од која некогаш не можеа да се одделат и во која им се препуштаа на милувањата, денес за нив беше мачење.

Си велеа тивко „Добра ноќ" и си вртеа грб. Ни бакнеж, ни допир за убав сон. Некогаш сакаше да се заврти и да му се развика, па и да го избрка од постелата барем да се караат, оти тишината во станот само ги мачеше и двајцата, но кога ќе видеше дека тој веќе заспал знаеше дека тоа ќе биде залуден обид и продолжуваше да се превртува додека не заспие.

Наутро се разминуваа по станот, си ги разменуваа весниците притоа не упатувајќи си ни насмевка ни поглед. Како ли дојдоа до ова, па него ни око не му трепнува за неа. Зарем не гледа дека ја турна во туѓи раце, таа веќе одамна не е во неговиот свет.

Спие покрај него, но не е негова. Таа е туѓа, а тој не го гледа тоа. Другиот полека навлезе во нејзиниот свет, бришејќи се негово. Тој знаеше дека ја дели, но самиот е виновен.

Ја држеше како птица во кафез во неговиот свет, ја зароби и не сакаше да ја пушти иако знаеше дека тоа нема да и биде доволно и еден ден таа ќе посака повеќе и ќе одлета од кај него.

Затоа и тој ладен однос, затоа тие индиферентни погледи, ноќите без милувања, беа за таа полесно да си замине од кај него.

ljubov-vo-ofsajd-taa-bese-se-sto-toj-ne-e-1.jpg

Кога веќе не можеше да и рече: „Оди си". Сакаше таа самата да посака да си оди. Таа беше сè што тој не е.

Тој е плашливец, таа храбра. Тој се крие од своите демони, таа се соочува со нив. Таа се бореше за нив, а тој крена раце, реши лесно да се откаже. Тој љубеше тивко, таа љубеше страсно. Тој живееше мислејќи на иднината, таа живееше од денес за утре. Тој се смееше во себе, таа се смееше на глас, од срце.

Но, ова утро срцето му чукаше како да ќе му излезе од градите, мораше да ѝ каже сè. Не сакаше да ја пушти со мислата дека не му е важна.

Како што пиеше кафе, подголтна и стана од масата и застана со шолјата во раце и се навали на ѕидот, додека таа ги одмеруваше неговите движења тој смислуваше како да почне.

ljubov-vo-ofsajd-taa-bese-se-sto-toj-ne-e-5.jpg

И почна: „Не мисли дека те пуштам лесно кај него, секое твое заминување со него ми го кине срцето, но јас те испратив кај него затоа што знаев дека нема да ти бидам доволен. Не те допирам откако тој те допира, тој веќе одамна избриша сè мое. Ти вртам грб навечер бидејќи сум слаб на тебе, ако те погледнам во очи ќе посакам да те имам, а ти веќе одамна не си моја. Не те обвинувам за ништо, не си ти виновна што заглави со слабак. Ова нашево е слепа улица и ако не заминеш и двајцата ќе заглавиме. Затоа, оди кај него, биди среќна. Јас сум сѐ што ти не си, верувај тоа така не оди. Не ти требам јас, ти треба тој кој не прави да плачеш во себе, туку да се смееш на глас“.

Таа го слушаше со очи полни љубов, но за нив веќе нема назад ги искористија сите шанси. Ова им беше последното заедничко утро тоа го знаеја и двајцата.

Таа ја испи последната голтка од последното утринско кафе, се бакнаа за последен пат и таа замина засекогаш.

Тој остана со нејзиниот лик врежан во срцето, без да знае дека и тој е врежан кај неа.

ljubov-vo-ofsajd-taa-bese-se-sto-toj-ne-e-2.jpgАвтор: М.Е

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg