Социјални мрежи - Храна за егоистите, примитивците...

Дали социјалните мрежи ги користиме за хранење на егоизмот, градење на самодовербата и личност или зад тоа се крие всушност достигнување висок степен на нарцизам, отуѓување од луѓето и од самиот себе?

socijalni-mrezi-hrana-za-egostite-primitivcite-01.jpg

Следното што ќе го кажам е мој став изграден врз ситуациите со кои се соочува мојата околина и што верувам дека владее насекаде во светот, а не е од експертска гледна точка иако ова се непотврдени факти.

Дали навистина човековата еволуција и општеството се движат во нагорна линија и напредуваат? 

Многу луѓе ќе одговорат потврдно, ќе кажат дека тоа е така, човештвото напредува паралелно како што технологијата напредува, но тоа не е баш така.

Технологијата иако ја создава човекот и наместо тој да ја контролира, веќе таа ја презема улогата на контролор и го води човекот, бидејќи толку брзо се создава и напредува што еден просечен човек не може да го следи тоа, но секако се труди.

Многумина ќе речат дека сега доста работи ни се овозможени поради технологијата, смарт телефоните, лаптопите, интернетот, социјалните мрежи, виртуелната реалност...

Тоа е така, но тие се употребуваат во прекумерна доза. Не се знае кога, а веќе и како да се запре.

Социјалните мрежи всушност треба да бидат помошник-комуникација, односно да го олеснат тоа што некогаш не било достапно, како на пример полесен контакт со роднини во странство, полесна комуникација во договорите со другарите и поголема достапност во таа смисла, тоа е така во секој случај.

Сега таа започна да ја заменува природната комуникација што не треба да се случи никогаш, но ете за жал се случува во голема мера.

Знаеме колку луѓе што имаат проблем со директна комуникација лице во лице, социјалните мрежи им помагаат, бидејќи тие се посамоуверени зад екранот, се чувствуваат посигурно, заштитени, не ја доживуваат енергијата и емоцијата од соговорникот, па така некој тинејџер со сериозни проблеми да ѝ пријде на некоја девојка, на социјалните мрежи без проблем го прави тоа односно станува „сајбер-фраер“.

Поради такви работи многу луѓе ги злоупотребуваат социјалните мрежи и полесно доаѓаат до целта, за разлика од порано, како на пример педофили, криминалци, дилери, хакери итн.

Најнов феномен е deep web-от што всушност содржи некои си 98% од интернетот, а другите 2% се оние кои ние секојдневно ги користиме на популарните социјални мрежи, апликации.

Начинот на кој работи deep web-от им овозможува на сите луѓе кои се занимаваат со нелегални работи без проблем тоа да го сработат таму и никогаш да не бидат откриени, бидејќи за секој што е активен на deep web има една единствена IP адреса која е универзална за секој корисник, а секојдневно на мрежата поминуваат милиони корисници.

Тоа им одговара и на тие што ги нарушуваат законите и на тие што треба да ги спроведуваат, бидејќи за едните е полесно да го сработат тоа преку таа мрежа и да не се дознае кој е и што е, а на другите им одговара од аспект на тоа дека тие се помалку видливи работи, односно не се случуваат пред очите на народот, што не е оправдување во никој случај, ама тоа е така бидејќи и тие самите се вклучени во мрежата и ја користат.

Работата и главната поента што сакам да ја кажам е дека колку и на почеток социјалните мрежи да биле за позитивна работа, дружба, запознавање нови луѓе итн., во поголем дел тоа прерасна лажна реалност за многу луѓе и на некој начин станавме зависни и тоа нè контролира, а ние дали свесно или несвесно, го дозволуваме тоа.

Зошто во секој момент од денот ѕвериме во телефоните, ако нема интернет достапен не знаеме што да доправиме со самите себе, мора да се следи кој што прави на интернет, кој што напишал, кој каква слика ставил, со тоа и оние кои некогаш не биле во центар на внимание и во тек со случувањата, социјалната мрежа им ја дава таа прилика, се чувствуваат поважни, посигурни, но само таму, во таа нереална реалност?

Зошто секој пред да стави слика мора да го фати најдобриот агол, од сите слики да ја одбере најдобрата, пред да пишеш на другари или симпатија се мислиш што и како да напишеш тоа да биде правилното, па правиш пиши - бриши? Зарем тоа е реално?

Така создаваме реална слика за нас самите? Не, напротив.

Но, сите тие работи потекнуваат од мас-медиумите кои нас нè контролираат, како треба да изгледаме за да бидеме убави, како да размислуваме за да бидеме паметни, а всушност сето тоа е една голема манипулација.

Затоа ќе се надоврзам на првата теза која ја поставив дека многу луѓе мислат дека како технологијата напредува така и човештвото, но јас мислам дека е обратно, најмногу поради тоа што таа е злоупотребена од некого.

Тоа е така, бидејќи нас секојдневно ни сервираат информации по кои треба да градиме свој став, мислиме дека имаме слобода, но вистината е дека немаме, бидејќи тие ти наметнуваат мислење и ти кажуваат дали е вака добро или не е, а кој е кој за да каже што е така или што не е,

Големиот процент на неписмени луѓе кои се најактивни на социјалните мрежи и кои ги објавуваат тие работи и ги „билдаат“ таквите објави со лајкови?

Во денешно општество ти даваат простор да мислиш дека можеш да бидеш слободоумен и да размислуваш поинаку со другите, но ако тоа јавно го споделиш ти ќе бидеш отфрлен од луѓето, кои претходно ги спомнав, кои воедно и се веќе несвесна „војска“ на мас-медиумите и тие што контролираат.

Како гледате на тоа што за некоја година и многу луѓе нема да излегуваат од дома, бидејќи на главата ќе имаат  џиновски очила кои им ја пласираат виртуелната реалност и така уживаат во недопирливите работи?

Тоа за мене е едно ограничување на свеста, имагинацијата и најлошо, слободата со давање на некоја друга лажна слобода.

Така што се враќам на главната поента на овој текст, а тоа е дека човештвото односно еволуцијата кружи, се развива фиктивно, но фактички од нас сакаат да направат роботи, да создадат едноумие.

Секој да има едно единствено мислење, слободата на говор да ти е само за тоа што треба да ти е, да го гледаш само она што тие ќе ти го покажат...

Не смееш лево, не смееш десно...

Да создаваш лажна самодоверба пред екраните за потоа да не знаеш да изговориш ниту еден збор, а не камо ли целосна реченица во вистинска ситуација во живо...

Да имаш еден начин на однесување, на изглед, па дури и на исхрана...

Зарем ова не се првите знаци на примитивно општество, зарем ова не е враќање кон примитивизам?

Зарем светот вака оди во прогрес или всушност оди наназад?? 

Автор: Јован Цветкоски

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg