Некогаш бевме сè, а денес сме странци: „Пријателке, прости ми!“

Секој од нас го знае она чувство кога ќе го изгуби најдобриот  пријател. Без разлика дали тоа пријателство било големо, или пак дали  траело кратко или долго, се појавува празнина во нас.

nekogash-bevme-se-denes-sme-stranci-prijatelke-prosti-mi-01.jpg

Нè убива помислата дека никогаш повеќе нема да го доживееме истото со таа личност.

Ти девојко, ми беше сѐ на овој свет. Мислев дека нашето пријателство ќе  трае засекогаш, но сум се излажала. Сега си ми толку блиску, а сепак толку  далеку. Блиску до очиве, но далеку од срцево.

Беше личност која секогаш ме поддржуваше и веруваше во мене. Колку и да бев повредена ти секогаш беше тука за повторно да ја разбудиш она позитивна девојка која одвреме навреме  го напушташе моето тело. Те познавав најдобро, знаев како дишеш. Не се  мачев да вадам зборови од твојата уста, сѐ можев да прочитам од твојот поглед. Знаев каде си најслаба и се обидував да го спречам создавањето на некои работи кои најверојатно би ти наштетиле.

Си бевме сѐ една на друга и завршивме како ништо. Нашето долго пријателство го фрливме во вода заедно со старата ти и старата јас. Ние повеќе не сме истите, се променивме. 

Секоја од нас си продолжи по својот пат, со други личности. Знаеш ли што ме боли најмногу? Најголема болка ми создава помислата дека јас сум виновна за сѐ. Никогаш не посакував да се оддалечам од тебе, а тоа го сторив. 

Понекогаш многу се каам. Фотографиите си го прават своето, очите сами им дозволуваат на солзите да течат кога ќе ги видат тие две насмеани девојки кои никогаш повеќе нема да бидат тоа што беа. Има преголем број спомени кои можеа да станат уште повеќе, но на голема жалост сега не сме во состојба да го направиме тоа.

Нашето разминување на улица без ни еден изговорен збор полека ме убива. Гледам дека си среќна и дека одамна ме замени, среќна сум и јас кога те гледам насмеана, иако не знам дали таа насмевка е вистинска. 

Паметам како заедно зборувавме за пријателите кои одамна ни забоделе ножеви во грбот, незнаејќи дека и ние еден ден ќе го сториме истото. Многу пати бев дрска со тебе и никогаш немав влакна на јазикот кога се работеше за тебе.

Можеби мислеше дека не те сакам и дека едноставно те навредувам, но не беше така. Јас единствено сакав да те поправам секаде каде што правеше грешки и да ти дадам совети кои ќе ти бидат корисни.

Имавме заеднички соништа, сонувавме за нашата иднина. Сакавме да го задржиме и зацврстиме нашето пријателство. Кога разговаравме за иднината се гледавме како две  среќни девојќи кои си го живеат животот слободно и сите им завидуваат, а подоцна и како успешни жени горди една на друга. Бевме секогаш една покрај друга за да разговараме за нашите проблеми и притоа да останат помеѓу нас.

Пријателке, само ќе го кажам ова „далечна држава и фудбалски тим“. Се надевам дека ако го читаш ова се препозна.

Прости ми, знам дека не заслужувам и немам право да го барам ова од тебе, но те молам прости ми. Ти дадов илјадници ветувања од кои половина не ги исполнив, а останатите не сум во можност да ги исполнам. Бев лоша пријателка и секогаш ќе се обвинувам поради тоа. Успеав да те изгубам без причина, едноставно те напуштив без размислување.

Многупати сакам да ти напишам порака или да ти се обратам, но сепак не можам, а знам дека ти никогаш нема да го сториш тоа.

И како што реков и на почетокот успеавме да уништиме долгогодишно пријателство, аплауз! Ти секогаш ќе имаш посебно место во моето срце, те сакам моја драга пријателке!

Автор: Бивша пријателка

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg