Децата со посебни потреби само сакаат љубов, зошто сте полни со предрасуди?

tie-shto-ne-gi-sakaat-decata-so-posebni-potrebi-tie-se-so-posebni-potrebi-01.jpg

Мали, мили, исти како нас. Деца кои сакаат и тие свое безгрижно детство. Деца со посебни потреби, кон кои ние правиме предрасуди во општеството и се „гнасиме“ од нив. А зошто? Затоа што сакаат повеќе љубов и внимание? Зошто?

Прашање на кое навистина треба да подразмислиме. И тие се деца, деца кои сакаат да играат, ниту тие, ниту нивните родители не сакаат да бидат такви. Но. светот е место на луѓе од секакви раси, религии, култури и традиции, место со секакви деца, мали, големи, среќни и тажни, но сите сме исти. Никој не сака да биде различен од другиот, секој сака да има здраво дете.

Положба на оние кои им е најтешко - родителите е ужасна. Се радуваат ќе добијат дете, исто како сите, здраво и право што вика нашиот народ, ќе си трчка и тоа како сите, ќе зборува како сите. Никој не ни помислува дека тоа дете може да биде со посебни потреби. Девет месеци го носиш, внимаваш на него, го сакаш и не ни мислиш дека твоето ќе биде такво, дека твоето тело носи дете со посебни потреби.

По долгите девет месеци поминати заедно, а сè уште невидени, се раѓа, го гледаш и сфаќаш колку е невино и мило. Почнува да расте и забележуваш нешто е различно од другите, сака да биде по негово, постојано повторува исти работи и така повеќе пати.

Го носиш на лекар, ти ја соопштуваат таа вест, веста која ти го руши цел свет. Но на крај сфаќаш дека и не, не е срушен светов. Сфаќаш дека ти си со посебни потреби, бидејќи не го сакаш, а тоа доаѓа постојано да те гушне. Сака да му подариш љубов и тоа што го сака е внимание.

Сфаќаш дека нема никој да сака да игра со него, дури и детето на твојата пријателка. А зошто? Затоа што не е исто како него, па да. Ете тоа не треба да биде така, зошто никој да не му обрне внимание и зошто секој втор поединец во општеството да бега од него? Затоа што не е исто, не навистина не е исто. Тоа е невино, мило и само сака љубов.

Знам и вие сакате да биде здраво и право, што сака нека е и машко и женско. Но, можеби во светот мора да има и такви деца, деца кои навистина нас обичните луѓе нè прават со посебни потреби.

На крај сфаќам дека не, тие не се со посебни потреби ние сме. Ниту често се гушкаме, ниту сакаме, постојано владее омраза помеѓу нас, грев е и жално е да правиме вакви предрасуди пред нашиот лик да го погледнеме во огледало, пред да се запрашаме што сме ние, а што тие? За на крај да видиме дека СИТЕ СМЕ ИСТИ!

Автор: А. М.

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg